Дарко Димитров

Дарко Димитров
Животописни податоци
Роден(а)21 јануари 1973(1973-01-21)(51 г.)
Скопје, СФРЈ
ПотеклоМакедонија
Жанровипоп, денс-поп, хип-хоп
Занимањатекстописец, композитор, продуцент
Период на активност1991 – денес
ИздавачиM2 Productions

Дарко Димитров (роден на 21 јануари 1973 година во Скопје) — македонски текстописец, композитор и музички продуцент. Покрај тоа што е назначен за ревитализатор на главната поп сцена во Република Македонија, која влијае на околните Балкански држави, тој исто така има добиено многу награди за меѓународна соработка со многу популарни странски артисти и има над 30 домашни награди.

Тој е продуцент на Нинанајна, песната од Република Македонија за Евровизија 2006.

Животопис

Дарко Димитров е роден во 1973 во Скопје, како син на познатиот македонски пејач и композитор Славе Димитров. Неговата семејство има богата музичка историја, како на пример, неговиот дедо, Благоја Петров - Караѓуле, кој бил познат по своето оперско пеење а исто и по пеењето на традиционалната музика. Дарко Димитров има дипломирaно на Музичката академија во Скопје и работи во своето семејно музичко студио наречено „Студио Димитрови“ заедно со неговиот татко и неговиот брат Оливер.

Еден од неговите први хитови е „Отвори го пенџерчето“, рап пародија на популарната фолк песна изведувана од групата Нулта Позитив во соработка со популарниот фолк пејач Митре Митревски.

По продуцирањето на хип-хоп музика за време на раните 1990-тите, Дарко Димитров се префрлил на музичката поп сцена. Од 1996 има продуцирано по неколку хитови за артистите: Нокаут, Ребека, Каролина Гочева, Ерзана, Тоше Проески, Јован Јованов, Александар Митевски, Брејк, Александар Ристевски-Принц, Тамара Тодевска, Искра Трпева, Калиопи, Владо Јаневски, DD квартет, Маја Гроздановска Панчева, Роберт Билбилов, Маја Саздановска, Мартин Вучиќ, Дуле и Коки, Марија Шерифовиќ, Тијана, Даниел Џокиќ, Александра, Gentiana Ismajli, Леонора Јакупи, Аурела, Армен Раџепагиќ, Раде Врчаковски итн.

Во 1999 издал компактен диск насловено како „100% хитови - Најдоброто од Дарко Димитров“ од различни изведувачи, кое достигнало рекорди во продажбата во Македонија.

Неговите песни учествувале во многу познати музички фестивали како: Скопје фест во Скопје, Макфест во Штип и Охридски Трубадури - Охрид Фест во Охрид во Република Македонија; Sunčane skale и Будва музичкиот фестивал во Црна Гора; FERAS Радио Фестивал во Србија; Фестивалот Pamukkale во Турција; Golden Stag во Romania; Euro Video Grand-Prix; Европскиот фестивал за деца со посебни потреби 2006; Magic song, Топ фест во Албанија итн.

Во 2006, песната Нинанајна во продукција на Дарко Димитров, била македонската песна за Евровизија 2006. Taa била изведувана на македонски и англиски јазик од страна на Елена Ристеска и добила 56 бода, притоа пласирајќи се не 12-тото место, како најголем успех на Македонија на Евровизија.

Дарко Димитров има добиено над 30 награди во категориите за „најдобар продуцент“ и „најдобар аранжер“. Тој е основач на "M2" - музичка продукциска компанија заедно со Иво Јанкоски, кој е менаџер на познатите македонски групи Леб и Сол, Архангел и Анастасија. Со М2 има организирано неколку талент шоуа, од кои произлегоа македонските познати изведувачи: Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, 4play, Емил Арсов и Туна.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!