Владо Јаневски (27 ноември 1960 во Скопје )[ 1] — македонски поп-пејач и композитор . Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам “, „Евергрин “, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала “, „Некогаш и негде “, „Црно тиквешко “, „Ова е наше Скопје “, „Не зори зоро “, „Еден бакнеж “ итн.
Животопис
Има завршено Филолошки факултет , отсек англиски јазик и литература.[ 1] Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979 ), Бон Тон (1986 ), Фотомодел (1989 ), Ластовица (1992 ). Свири на клавир , гитара и тапани . Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро “ во Бирмингем , 1998 .
Има учествувано и на Југовизија (Белград , 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија , 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска , 1994), Памуккале (Турција , 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет , 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.
Зборува англиски , германски , италијански и руски јазик.
Дискографија
Владо Јаневски на насловна за албум
1993: Парче душа (Моби Арт)
1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)
1996: Далеку е небото (Мистер Компани)
2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)
2004: Ваков или таков (Авалон)
2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)
Надворешни врски
Наводи
Изведувач
1990-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти
Песни
1990-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти