Гранма (шпански: Provincia de Granma) е една од покраините во Куба. Нејзин главен град е Бајамо. Други поголеми градови се Мансаниљо (пристаниште на заливот Гваканајабо) и Пилон.
Именувана е по бродот „Гранма“, користен од Че Гевара и Фидел Кастро за да допловат до Куба со 82-члена герила.
Покраината изобилува со остатоци од кубанската револуција и кубанските војни за независност - натписи во планините кои ја опишуваат борбата од 1959 година против Фулгенцио Батиста. Постојат и многу необележани гробови од разните војни. Има и неколку напуштени рудници за злато, сребро и манган. Ова е областа каде е центарот на моќ на Раул Кастро. Се одгледува кафе во планинските региони на покраината, а за време на бербата на кафето може да има и патни блокади каде војската осигурува кафето да не биде дадено на црниот пазар.
Municipalities
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]
Наводи
Надворешни врски