Лас Тунас (шпански: Provincia de Las Tunas) е покраина во Куба. Поголеми градови се Пуерто Падре и Амансио, како и главниот град Лас Тунас (познат и како Викторија де Лас Тунас или само Туна).
Покраината е создадена во 1978 год., года била одвоена од регионот Ориенте.
Јужното крабрежје кај Гваканајопскиот Залив, е мочурливо и се одликува со мангрови. Во овие влажни предели се одгледува шеќерна трска бидејќи климата е погодна за таа култура.
Во покраината се пасат и говеда. Викторија де Лас Тунас бил мал пазарен град кога со пределбата на државата (1975), почнала голема програма за модернизација и развој, како и поврзување на градот со пат до Хавана.
Општини
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]
Наводи
Надворешни врски