Глорија Стејнем

Глорија Стејнем
Стејнем за време на феминистичка прес-конференција, јануари 12, 1972
Роден(а)Глорија Мари Стејнем
25 март 1934(1934-03-25)(90 г.)
Толедо, Охајо, САД
ЖивеалиштеЊујорк Сити
НационалностАмериканка
Алма матерКолеџ Смит
ЗанимањеПисателка и новинарка за списанијата Мис и Њујорк
ДвижењеФеминизам
Во одбор наЖенскиот Медиа Центар
Потпис
Страница
gloriasteinem.com
Глорија Стајнем (десно) и Алис Вокер во 2009 година

Глорија Мари Стејнем (родена 25 март 1934) — американска феминистка, новинарка, и општествена и политичка активистка која стана национално призната како водач и медиумска портпаролка на женското движење за ослободување во 1960-тите и 1970-тите години. Како познатата писателка и политичка фигура од ерата на контракултурата, Стејнем има основано многу организации и проекти и е добитничка на многу награди и признанија. Таа беше колумнист во списанието Њујорк и соосновач на списанието Мис.

Во 2005 година, Стејнем работела заедно со Џејн Фонда и Робин Морган за да го ко-основат Женскиот Медиа Центар, организација што ги шири гласовите на жените во медиумите преку обука за водство, и со создавање на оригинални содржини. Стејнем во моментов работи на одборот на организацијата. Таа продолжува да учествува во политиката и медиумите како водачка, коментаторка, писателка и предавачка. Таа ги продолжува нејзините напори како организаторка, кампањира за кандидати и пишува книги и статии.

Ран живот

Стејнем е родена во Толедо, Охајо, на 25 март 1934 година. Нејзината мајка, Рут (моминско име - Нунвилер), беше презвитерианец од шкотско и германско потекло, и нејзиниот татко, Лео Стејнем, беше син на еврејски доселеници од Германија и Полска.[1][2] Стејнемовите живееле и патувале во приколка.[3]

Пред Стејнем да биде родена, нејзината мајка Рут, тогаш на возраст од 34, имала "нервен слом", кој ја остави заробена во лажливи фантазии, кои повремено станувале насилни. Таа се сменила "од енергична, забаво-љубива, книго-љубива" жена во "некој кој се плашеше да биде сам, кој не можеше да се задржи за реалноста доволно долго за да одржи работа, и кој ретко можеше да се концентрира доволно за да прочита книга".[4] Рут помина долги периоди во и надвор од санаториуми за ментално болните. Стејнем беше десет години, кога нејзините родители конечно се разделија во 1944 година. Нејзиниот татко отиде во Калифорнија за да најде работа, а таа и нејзината мајка продолжиле да живеат заедно во Толедо.

Иако нејзините родители се развеле како резултат на болеста на мајка си тоа не било резултат на шовинизмот на татко и на Стејнем и таа тврди дека таа "разбра и никогаш не го обвини него за распадот".[5] Сепак, влијанието на овие настани имале формативен ефект врз нејзината личност: додека нејзиниот татко, трговски патник, никогаш не придонел многу за финансиската стабилност на семејството, неговиот излез ја влоши нивната ситуација. Стејнем ја толкувала неможноста на мајка си да се одржи на работа како доказ за општото непријателство кон вработените жени.[6] Таа, исто така ја толкувала општата апатија на лекарите кон нејзината мајка како слична омраза кон жените.[6] Неколку години подоцна, Стејнем ги опиша искуствата на нејзината мајка како клучни за нејзиното разбирање на општествените неправди. Овие перспективи ја убедиле Стејнем дека жените немале општествената и политичка еднаквост.[7]:129–138

Кариера како новинарка

Уредникот на Esquire магазинот, Клеј Фелкер и ја даде на Стејнем она што таа подоцна ја нарече првата "сериозна задача", во врска со контрацепцијата. Статијата од 1962 година[8] во врска со начинот на кој жените се принудени да избираат помеѓу кариерата и бракот претходила на книгата на Бети Фридан, Женската Мистика, една година.

Во 1963 година, додека работела на една статија за списанието на Хантингтон Хартфорд - Шоу, Стејнем била вработена како Плејбој Бани во Њујорк Плејбој клубот.[9] Статијата вклучувала слика од Стејнем во Бани униформа и детали за третманот на жените во клубовите. Веста беше објавена во 1963 година како "Приказна на Бани".[10] Стејнем остана на ставот дека таа е горда за работата што таа ја објави за експлоатационите услови кои се дел од нивната работа, а особено сексуалните барањата, кои биле на работ на законот.[11][12] Меѓутоа, за краток период откако написот бил објавен, Стејнем не можела да добие друга работа. Во нејзините зборови, ова беше "бидејќи сега стана Бани - и не беше важно зошто." [11][13]

Во 1972 година, таа го ко-основа феминистичко-тематското списание Мис кое започна како специјално издание на Њујорк.[8]

Соработка со ЦИА

Во мај 1975 г. радикалната феминистичка група Редстокингс објавила извештај според кој Стејнем тесно соработувала со ЦИА, односно со Независниот Истражувачки Центар[14]. Стајнем во свои интервјуа за „Вашингтон Пост“ и „Њујорк Тајмс“ дадени во 1950-те и 1960-те ја потврдила информацијата дека работела за оваа фондација спонзорирана од ЦИА, а во 1975-та објавила дека ја завршила својата соработка. Според декласифицираните информации потврдено е дека Стајнем била шеф на Независниот Истражувачки Центар.[15]

Феминистички ставови

Социјалните и политички ставови на Стејнем се преклопуваат во повеќе видови на феминизмот. Овој проблем е главно поради еволуцијата на нејзините ставови во текот на пет децении на активизам. Иако најчесто е сметана за либерална феминистка, Стејнем постојано самата се одликува како радикална феминистка.[16] Уште поважно, таа ја смета категоризацијата во рамките на феминизмот како "неконструктивна за одредени проблеми". "Јас сум била вклучена во секоја категорија. Па тоа го прави потешко за мене да ги земам поделбите со голема сериозност".[17] Сепак, Стејнем држи континуирани ставови.

Абортус

Стејнем е голем поддржувач на репродуктивната слобода, термин што таа самата го измисли и го промовира. Во 1969 година, таа во магазинот Њујорк напиша за протестите за абортус.[18][19] Стејнем имала абортус во Лондон на возраст од 22.[20] Таа почувствувала она што го нарекла "голем клик" за време на протестите, и подоцна рекла дека "мојот живот како активна феминистка" не започнал сè до тој ден.[19] Таа рекла дека:

"Абортусот требало да не направи лоша личност. Но, морам да кажам, никогаш не сум го почувствувала тоа. Јас седев и се обидував да дознаам колку години детето би било, се обидував да се чувствувам виновна. Но никогаш не можев! Мислам дека човекот кој рече: "Душо, ако мажите би можеле да забременат, абортусот би бил сакрамент" беше во право. Говорејќи за себе, јас знаев дека тоа беше првпат што ја преземав одговорноста за својот живот. Не ќе дозволив работи да ми се случуваат на мене. Јас ќе го насочувам својот живот, и поради тоа се чувствував позитивно. Но, сепак, јас не кажав на никого. Затоа што знаев дека таму не беше [позитивно]".[20]

Во 2005 година, Стејнем беше во документарниот филм Имав абортус направен од Џенифер Баумгарднер и Џилијан Олдрич. Во филмот, Стејнем го опиша абортусот која го имала како една млада жена во Лондон, каде што живеела кратко пред да студира во Индија. Во документарецот Мој Феминизам, Стејнем го карактеризира нејзиниот абортус како "клучно и конструктивно искуство."

Порнографија

Заедно со Сузан Браунмилер и Кетрин Мекинон, Стејнем е страстна критичарка на порнографијата, која таа ја разликува од еротиката: "Еротиката е различна од порнографија како што љубовта е од силувањето, како достоинството е од понижувањето, како партнерството е од ропството, како задоволството е од болка." Аргументот на Стејнем е за разликата меѓу реципроцитетот наспроти доминацијата. Таа пишува: "Очигледна или суптилна, порнографијата не вклучува еднаква моќ или заемност. Всушност, голем дел од тензијата и драмата доаѓа од јасната идеја дека едното лице доминира врз другото."[7]:219[21]

Генитална мутилација

Во 1979 година, Стејнем напиша напис за женската генитална мутилација, кој ја донесе појавата во свеста на американската јавност; статијата е наречена Меѓународниот криминал на женска генитална мутилација, и беше објавена во март 1979 во издание на списанието Мис.[7]:292[22] Статијата известува за "75 милиони жени кои страдаат од резултатите на генитална мутилација." Според Стејнем "вистинските причини за мутилацијата на гениталиите можат да се разберат само во контекст на патријархатот: мажите мораат да ги контролираат женските тела како средства за производство, а со тоа ја потиснуваат независната моќ на женската сексуалност." Статијата на Стејнем ги содржи основните аргументи кои подоцна ќе бидат развиени од страна на филозофката Марта Нусбаум.[23]

Феминистичка теорија

Стејнем повеќепати го изрази своето негодување од мракобесието и апстракциите кои некои тврдат дека се распространети во феминистичките академски теоризирања. Таа рече: "Никому не му е гајле за феминистичкото академско пишување. Тоа е кариеризам. Овие кутри жени во академските институции треба да зборуваат на овој глупав јазик, кој никој не може да го разбере со цел да бидат прифатени..."[17] Стејнем подоцна ги издвои деконструкционистите како Џудит Батлер за критика: "отсекогаш сум сакала да ставам знак на патот кон Јеил велејќи: "Пазете се: Деконструкција напред". Академците се принудени да пишуваат на јазик кој никој не може да го разбере за да добијат мандат. Тие мораат да кажат "дискурс" а не "разговор". Знаењето што не е достапно не е од корист."[24]

Транссексуализам

Стејнем напиша, "Во најмала рака, тоа беше диверзија од проблемите за половата нееднаквост" и дека во многу случаи, транссексуалците "хируршки ги мутилираат своите тела", со цел да се приспособат на родова улога која незапирливо е сврзана за физички делови од телото. Таа заклучува дека "феминистките се во право да се чувствуваат непријатно за потребата и користите на транссексуализмот." Написот го завршува со што стана еден од најпознатите нејзини цитати: "Ако чевлата не се вклопува, мора ли да се промени ногата?" Иако е јасно дека е во контекст на транссексуализмот, цитатот е често погрешен за општа изјава за феминизмот.[7]:206–210

Наводи

  1. Gloria Steinem, Jewish Women's Archive. Retrieved 2010-06-01
  2. „Ancestry of Gloria Steinem“. Wargs.com. Посетено на 2012-07-20.
  3. Pogrebin, Letty Cottin (March 20, 2009). „Gloria Steinem“. Jewish Women's Archive. Посетено на 2012-07-20.
  4. Steinem, Gloria (1983). Outrageous Acts and Everyday Rebellions. Holt, Rinehart, and Winston. стр. 140–142. ISBN 978-0-03-063236-5.
  5. Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004. p. 20.
  6. 6,0 6,1 Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Steinem, Gloria (1984). Outrageous Acts and Everyday Rebellions (1. изд.). New York: Henry Holt & Co.
  8. 8,0 8,1 Mclellan, Dennis (July 2, 2008). „Clay Felker, 82; editor of New York magazine led New Journalism charge“. Los Angeles Times. Посетено на 2008-11-23. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  9. Kolhatkar, Sheelah (December 18, 2005). „Gloria Steinem“. The New York Observer. Посетено на June 1, 2010.
  10. Published in two parts, Part I Архивирано на 18 декември 2014 г. and Part II Архивирано на 24 август 2015 г.
  11. 11,0 11,1 Steinem, Gloria. „I Was a Playboy Bunny“ (PDF). Outrageous Acts and Everyday Rebellions. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2014-09-20.
  12. News, ABC. „Interview With Gloria Steinem“. ABCNews.
  13. „For feminist Gloria Steinem, the fight continues (interview)“. Minnesota Public Radio. June 15, 2009. Посетено на 2012-07-20.
  14. „Gloria Steinem and the CIA“. webarchive.loc.gov. Архивирано од изворникот на 2010-08-30. Посетено на 2020-06-24.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. Lofton, John (1 мај 1975). „Ms. Steinem's CIA Connection“ (PDF). cia.gov. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-23.
  16. „Marianne Schnall Interview“. Feminist.com. April 3, 1995. Архивирано од изворникот на 2012-07-12. Посетено на 2012-07-20.
  17. 17,0 17,1 Gorney, Cynthia (November–December 1995). „Gloria“. Mother Jones.
  18. „30th Anniversary Issue / Gloria Steinem: First Feminist“. Nymag.com. April 6, 1998. Посетено на 2012-07-20.
  19. 19,0 19,1 Pogrebin, Abigail (October 30, 2011). „An Oral History of 'Ms.' Magazine“. Nymag.com. Посетено на 2012-07-20.
  20. 20,0 20,1 Rachel Cooke (November 13, 2011). „Gloria Steinem: 'I think we need to get much angrier'. London: Guardian. Посетено на 2012-07-20.
  21. Erotica and Pornography: A Clear and Present Difference. Ms. November 1978, p. 53. & Pornography—Not Sex but the Obscene Use of Power. Ms. August 1977, p. 43.
  22. "The International Crime of Female Genital Mutilation." Ms., March 1979, p. 65.
  23. Nussbaum, Martha C. Sex & Social Justice. New York: Oxford University Press, 1999. pp. 118–129.
  24. Denes, Melissa (January 17, 2005). 'Feminism? It's hardly begun'. London: The Guardian.

Надворешни врски

Read other articles:

Юліус Пайєрнім. Julius von Payer Ім'я при народженні нім. Julius Johannes Ludovicus von PayerНародився 2 вересня 1841(1841-09-02)[1][2] або 2 вересня 1842(1842-09-02)[3]Теплиці[3]Помер 30 серпня 1915(1915-08-30)[4][3]Блед, Словенія·інфаркт міокардаПоховання Віденський центральний цвинтар : 

 

ماريتو    شعار   الإحداثيات 44°56′45″N 8°02′07″E / 44.945833333333°N 8.0352777777778°E / 44.945833333333; 8.0352777777778  [1] تقسيم إداري  البلد إيطاليا[2]  التقسيم الأعلى مقاطعة أستي  خصائص جغرافية  المساحة 4.93 كيلومتر مربع (9 أكتوبر 2011)[3]  ارتفاع 240 متر  عدد الس...

 

الجزائر   → 5 يونيو 1997  الانتخابات البرلمانية لعام 1997 في الجزائر هي انتخابات تشريعية جرت في 5 يونيو 1997 لانتخاب 380 نائبا للمجلس الشعبي الوطني الجزائري . السياق منذ نهاية الانتخابات البرلمانية عام 1991 ، كان البلد في وضع أمني خطير للغاية به العديد من الهجمات والمذابح ضد ال

Overview of the Catholic Church in Algeria Map of Algerian dioceses Part of a series on theCatholic Church by country Africa Algeria Angola Benin Botswana Burkina Faso Burundi Cameroon Cape Verde Central African Republic Chad Comoros Democratic Republic of the Congo Republic of the Congo Djibouti Egypt Equatorial Guinea Eritrea Eswatini Ethiopia Gabon Gambia Ghana Guinea Guinea-Bissau Ivory Coast Kenya Lesotho Liberia Libya Madagascar Malawi Mali Mauritania Mauritius Morocco Mozambique Namibi...

 

American artist, writer and educator Jenny Odell (born 1986)[1] is an American multidisciplinary artist, writer, and educator based in Oakland, California.[2][3] She taught Internet art and digital/physical design at Stanford University from 2013 to 2021.[4][5] She wrote The New York Times best-selling book How to Do Nothing: Resisting the Attention Economy (2019).[6][7] Early life and education Odell was born in San Francisco[8]...

 

Було запропоновано об'єднати цю статтю або розділ з Організаційна психологія, але, можливо, це варто додатково обговорити. Пропозиція з лютого 2017. Психологія управління — це галузь психології, яка вивчає психологічні закономірності управлінської діяльності, тобто вп...

Untuk kegunaan lain, lihat MNC (disambiguasi). MNC LandJenisPublikKode emitenIDX: KPIGIndustrireal estateDidirikan11 Juni 1990KantorpusatJakarta, IndonesiaTokohkunciHary Tanoesoedibjo (Ketua)Produkreal estatePemilikMNC CorporationSitus webwww.mncland.com Logo pertama MNC Land (20 Mei 2015-31 Desember 2017) Logo kedua MNC Land (31 Desember 2017-2020) PT MNC Land Tbk (IDX: KPIG) bergerak dalam pengembangan, pembangunan dan akuisisi properti dan kawasan wisata terpadu serta dalam jasa properti. ...

 

У Вікіпедії є статті про інші значення цього терміна: Ефіальт (значення). Ефіальт (зліва, дивиться на мандрівників) разом з титанами та гігантами, на малюнку Гюстава Доре до «Божественної комедії» Данте Ефіальт (грец. Ἐφιάλτες, Ephialtes) — один з Алоадів, синів Посейдона і Іфі...

 

Anders BorgMenteri KeuanganMasa jabatan6 Oktober 2006 – 3 Oktober 2014Penguasa monarkiCarl XVI GustafPerdana MenteriFredrik ReinfeldtPendahuluPär NuderPenggantiMagdalena Andersson Informasi pribadiLahir11 Januari 1968 (umur 55)Stockholm, SwediaPartai politikPartai ModeratAlma materUniversitas Uppsala,Universitas StockholmPekerjaanEkonomSunting kotak info • L • B Anders Erik Borg (kelahiran 11 Januari 1968) adalah seorang ekonom dan politikus Swedia yang menjabat...

American college football Ohio State–Penn State football rivalry Ohio State Buckeyes Penn State Nittany Lions First meetingNovember 16, 1912Penn State, 37–0Latest meetingOctober 21, 2023Ohio State, 20–12Next meetingNovember 2, 2024StatisticsMeetings total39All-time seriesOhio State, 24–14[1]Largest victoryPenn State, 63–14 (1994)Ohio State, 63–14 (2013)Longest win streakPenn State, 4 (1912–1964)Ohio State, 7 (2017–present)Current win streakOhio State, 7 (2017–present...

 

فرديناند (قمر)   المكتشف ماثيو هولمان،  وجون كافلارس،  وسكوت شيبارد،  وديفيد جويت  تاريخ الاكتشاف 13 أغسطس 2001،  و24 سبتمبر 2003  الأسماء البديلة S/2001 U 2  نصف المحور الرئيسي 20901000 كيلومتر  الشذوذ المداري 0.3682   فترة الدوران 2887.21 يوم[1]  الميل المداري 170 ...

 

Field of machine learning For reinforcement learning in psychology, see Reinforcement and Operant conditioning. Part of a series onMachine learningand data mining Paradigms Supervised learning Unsupervised learning Online learning Batch learning Meta-learning Semi-supervised learning Self-supervised learning Reinforcement learning Rule-based learning Quantum machine learning Problems Classification Generative model Regression Clustering dimension reduction density estimation Anomaly detection...

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: List of Neon Genesis Evangelion episodes – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (June 2014) (Learn how and when to remove this template message) The Platinum Edition box set released in North America by A.D. Vision. Neon Genesis Evangelion is an anime se...

 

1980 film by K. Bhagyaraj Oru Kai OsaiVCD coverDirected byK. BhagyarajWritten byK. BhagyarajProduced byK. BhagyarajStarringK. BhagyarajAshwiniCinematographyB. S. PasavarajEdited byR. BhaskaranMusic byM. S. ViswanathanProductioncompanyAmmulu ProductionsRelease date 25 July 1980 (1980-07-25) Running time140 minutesCountryIndiaLanguageTamil Oru Kai Osai (transl. The sound of one hand) is a 1980 Indian Tamil-language film, written, produced and directed by K. Bhagyaraj, starr...

 

Place in Lower Silesian Voivodeship, PolandStrzelinSt. Godehard's Rotunda, Strzelin FlagCoat of armsStrzelinShow map of PolandStrzelinShow map of Lower Silesian VoivodeshipCoordinates: 50°47′N 17°4′E / 50.783°N 17.067°E / 50.783; 17.067Country PolandVoivodeship Lower SilesianCountyStrzelinGminaStrzelinTown rights1292Government • MayorJakub KwiatkowskiArea • Total10.34 km2 (3.99 sq mi)Population (2019-06-30&#...

Líbano en los Juegos Olímpicos Bandera de LíbanoCódigo COI LIBCON Comité Olímpico Libanés(pág. web)Juegos Olímpicos de Roma 1960Deportistas 19 en 6 deportesMedallas 0 0 0 0 Historia olímpicaJuegos de verano 1948 • 1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008&...

 

Antimon triselenida Nama Nama lain antimonselit selenoksiantimon Penanda Nomor CAS 1315-05-5 Y Model 3D (JSmol) Gambar interaktif 3DMet {{{3DMet}}} ChemSpider 11483776 Y Nomor EC PubChem CID 6391662 Nomor RTECS {{{value}}} CompTox Dashboard (EPA) DTXSID30895002 InChI InChI=1S/2Sb.3Se/q2*+3;3*-2 YKey: WWUNXXBCFXOXHC-UHFFFAOYSA-N YInChI=1S/2Sb.3Se/q2*+3;3*-2Key: WWUNXXBCFXOXHC-UHFFFAOYSA-N SMILES [SbH3+3].[SbH3+3].[Se-2].[Se-2].[Se-2] Sifat Rumus kimia Sb2Se3 ...

 

ChantelouvecomuneChantelouve – Veduta LocalizzazioneStato Francia RegioneAlvernia-Rodano-Alpi Dipartimento Isère ArrondissementGrenoble CantoneMatheysine-Trièves TerritorioCoordinate44°59′05″N 5°58′09″E / 44.984722°N 5.969167°E44.984722; 5.969167 (Chantelouve)Coordinate: 44°59′05″N 5°58′09″E / 44.984722°N 5.969167°E44.984722; 5.969167 (Chantelouve) Altitudine975-3 023 m s.l.m. Superficie36 km² Abitanti7...

Species of gastropod Fusinus perplexus Scientific classification Domain: Eukaryota Kingdom: Animalia Phylum: Mollusca Class: Gastropoda Subclass: Caenogastropoda Order: Neogastropoda Family: Fasciolariidae Genus: Fusinus Species: F. perplexus Binomial name Fusinus perplexus(Adams, 1864) Synonyms[1] Fusus perplexus Adams, 1864 Fusinus perplexus is a species of sea snail, a marine gastropod mollusc in the family Fasciolariidae, the spindle snails, the tulip snails and their allies....

 

Abies forrestii Status konservasi Risiko Rendah  (IUCN 3.1)[1] Klasifikasi ilmiah Kerajaan: Plantae Divisi: Pinophyta Kelas: Pinopsida Ordo: Pinales Famili: Pinaceae Genus: Abies Spesies: A. forrestii Nama binomial Abies forrestiiColtm.-Rog. Sinonim Abies chengii Rushforth Abies forrestii adalah spesies konifer dari familia Pinaceae. Pohon ini ditemukan hanya di Cina, dan dinamai sesuai George Forrest (1873-1932) yang pertama kali menemukanya di Yunnan. Referensi ^ Zhang, D...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!