Гестланд

Гестланд

Geestland

Воздушен поглед на поранешниот град Ланген, денес дел од новосоздадениот град Гестланд
Воздушен поглед на поранешниот град Ланген, денес дел од новосоздадениот град Гестланд
Воздушен поглед на поранешниот град Ланген, денес дел од новосоздадениот град Гестланд
Грб на Гестланд
Гестланд во рамките на Германија
Гестланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Куксхафен
Градски единици 16
Градоначалник Торстен Кригер (СДП)
Основни податоци
Површина 356,20 км2
Надм. височина 10 м
Население 31.507 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 88 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CUX
Пошт. бр. 27607, 27624
Повик. бр. 04704, 04707, 04708, 0471, 04742, 04743, 04745, 04756, 04765
Портал www.geestland.eu
Местоположба на градот Гестланд во рамките на округот Куксхафен
Карта
Карта
Координати 53°38′0″N 8°45′0″E / 53.63333° СГШ; 8.75000° ИГД / 53.63333; 8.75000

Гестланд (германски: Geestland; долногермански: Geestland) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“.

Географија

Местоположба

Градот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте.

Градски единици

Градот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати:

Распределбата на местата:

  • CDU: 21 места
  • SPD: 11 места
  • Група Зелени/Левица: 3 места
  • Граѓанска фракција Гестланд: 2 места
  • независен: 1 место

Градоначалник

На 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник.

Збратимени градови

Гестланд е збратимен со следниве градови:

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 17. Dezember 2011.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!