Билкау

Билкау
Улица во селото
Улица во селото
Улица во селото
Грб на Билкау
Билкау во рамките на Германија
Билкау
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Куксхафен
Општ. заед. Ланд Хаделн
Градоначалник Манфред Шмиц (ДХС)
Основни податоци
Површина 23,22 км2
Надм. височина −1 м
Население 833 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 36 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CUX
Пошт. бр. 21782
Повик. бр. 04754, 04777
Местоположба на Билкау во рамките на округот Куксхафен
Карта
Карта
Координати 53°45′0″N 8°52′0″E / 53.75000° СГШ; 8.86667° ИГД / 53.75000; 8.86667

Билкау (германски: Bülkau; долногермански: Bülkau) — општина во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

Местоположба

Општината се наоѓа околу 20 километри источно од окружниот град Куксхафен, нешто под морското ниво. Билкау е долго 11 километри, а широко само 3 километри, со што претставува најдолгото село во Долна Саксонија.

Билкау се наоѓа во мочуришната област на Долна Елба. Близината на Елба и Северното Море ја носат опасноста од плимни поплави.

Општински единици

Општината Билкау се состои од следниве места:

  • Ауе
  • Ауештаде
  • Морветерн
  • Шпренге
  • Нордеренде
  • Кирхдорф
  • Зидеренде
  • Ландмарк
  • Бофенмор (порано Баумор или Бомор)
  • Лихтенпилс

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!