Беверштет (германски: Beverstedt) — општина во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри југоисточно од градот Бремерхафен и 40 километри северно од градот Бремен.
Била создадена на 1 ноември 2011 година со спојување на општините кои биле дел од поранешната општинска заедница Беверштет.[2]
Географија
Местоположба
Реката Луне тече низ општина во насока исток-запад. Покрај неа, течат и други нејзини помали притоки.
Општински единици
Место |
Жители (20 ноември 2019) |
Површина во км²
|
01. Апелн |
0409 |
14,52
|
02. Беверштет |
3791 |
51,40
|
03. Бокел |
2410 |
20,96
|
04. Фрелсдорф |
0633 |
25,29
|
05. Херштет |
0436 |
18,89
|
06. Холен |
0767 |
15,60
|
07. Кирхвиштет |
0464 |
25,07
|
08. Лунештет |
2587 |
17,25
|
09. Штубен |
1500 |
08,62
|
10. Велен |
0370 |
11,83
|
11. Волингст |
0333 |
14,34
|
На 1 ноември 20211 година, општинската заедница Беверштет и тогашните самостојни општини биле распуштени, за да ја создадат новата општина Беверштет.
Кон поранешната општина Беверштет припаѓале местата Беверштетермилен, Делбриге, Хајерхефен, Крамелхајде, Остерндорф, Шпинтенкамп, Табен, Вахолц, Велдорф, Велен и Волингст.
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| | |
|