Васил Зафирчев
Васил Зафирчев (Велес, 28 февруари 1980) — македонски театарски и филмски глумец, музичар и водител.
Животопис
Васил Зафирчев дипломирал во 2002 година на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веднаш потоа, Зафирчев настапувал во повеќе театри во Македонија, како Македонскиот народен театар, Драмскиот Театар, народните театри во Велес, Прилеп и Струмица и Македонската Опера и Балет. Со своите 33 години, Зафирчев остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни глумечки награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото глумечко признание „Ристо Шишков”, како и на повеќе меѓународни театарски награди.
Од 2004-2006 година Зафирчев бил Претседател на Здружението на драмски уметници на Република Македонија - „Џинот”. Од 2004 година станал уметнички директор на Калиопи Мјузик Продукција. Од 2006-2007 година Зафирчев бил професор на Глумечкиот факултет при Славјанскиот Универзитет во Битола. Од 2006-2007 година бил професор по глумечка игра во средното балетско училиште „Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Од 2006 до 2008 година бил вработен во Националната Установа Драмски Театар, Скопје. Денес, Васил Зафирчев е уметнички директор на Театарот "ЈХК-Џинот" од Велес.
Театарски претстави
- "Лонг плеј" - Риле и Хаким
- "Божилакот и смртта" - Љубовникот
- "Емигранти" - АА
- "Бесмртна" - Рацин поетот
- "Последниот балкански вампир" - Курта
- "Благослови, клетви и тажачки" -
- "Вештерка" - Ѓаконот
- "Пиеса број 27" - Тој и мажот
- "Дупло дно" - Јаков
- "Сердарот" - Хор
- "Плутос" - Хор
- "Еригон" - Емилија Лисјен Дибуа
- "Комедија А" - Лелио-мањифико
- "Елешник" - Јанко
- "Ојдип тиранин" - Креонт
- "Змејот" - Хенрик
- "Волшебната музичка кутија" - Момчето
- "Стари миризби" - Жан-ив
- "Принцезата Мразулка" - Принцот снег
- "Сон на летната ноќ" - Деметар
- "Кокошка" - Васја
- "Филоктет" - Неоптолем
- "Радован трети" - Јеленче
- "Лиситрата" - Лисистрата
- "Есперанца" - Корифеј
- "Пијанистот" - Пијанистот
- "Арт" - Серж
- "Macedoine-Одисеја 2001" - Кемал Ататурк
- "Стрип Шекспир" - Ромео, Макбет, Полоние
- "Во самотијата на памучните полиња" - Дилерот
- "Хомо еректус" - Хамлет хомо еректус
- "Летни Силјане" - Силјан
- "Будење" - Гуле
- "Облаци" - Сократ
- "Ана" - Петер Ван Дан
- "Четвртата сестра" - Коља
- "Три сестри" - Андреј
- "Чија си" - Ринго Шатка
- "Новогодишна трилогија" - Милош и Јован
- "Дневник Стравински" - Стравински
- "Жив чоек" - Вики
- "Танц на ноќните пеперутки во Ориент-Експресот" - Човекот со цилиндар
- "Последниот маж, последната жена" - Последниот маж
- "Дневник Дали" - Дали
- "Јас, Исидора" - Сергеј Есенин
- "Дневник за нас" -
- "Оркестар Титаник" - Хари
- "Дон Жуан" - Зганарел
- "Македонски рулет" - Крум
- "Комшилук наопаку" - Миро
- "Х-Хамлет" - (Режија и адаптација)
- "Сликата на Софија" - Водичот
- "Супернова" - Научникот
- "Баханалии" - Дионис
- "Спиноза" - Спиноза
- "Електра" - Орест
- "Маме Му Ебам кој прв почна" - Инкасаторот и Константин
- "Онегин" - Евгениј Онегин
- "Шашардисани времиња" - Игнат
- "Ноќите во бел сатен" - Никола
- "Кавкаски круг со креда" - Раскажувачот/Пејач
- "Крал Лир" - Шутот
- "Дневникот на Хулиганот" - Хулиганот
- "Сината птица" - Светлината
Филмографија
Награди
- Награда за најпопуларен глумец "Златна Бубамара", Скопје, февруари 2006
- Награда за најуспешен глумец на манифестацијата "13-ка за најуспешните", Струга, јули 2006
- Награда "9 ноември" на град Велес, највисоко општинско признание за афирмација на Велес во областа на културата, Велес, ноември 2005
- Награда за највисоко глумечко достигнување за 2005 година за улогата на Последниот маж во претставата "Последниот маж, последната жена" на Меѓународниот фестивал на камерен театар "Ристо Шишков", Струмица, септември 2005
- Награда за специјален уметнички израз и највисока естетика за моноперформансот "Пијанистот" на Меѓународниот фестивал на моноперформанси "Арммоно", Ереван, Ерменија, септември 2004
- Награда "Зоран Радмиловиќ" за најдобра улога во комедија за улогата на Јеленче во претставата "Радован III" на Меѓународниот театарски фестивал "Денови на Зоран Радмиловиќ", Заечар, Србија и Црна Гора, ноември 2003
- Награда за најдобро глумечко остварувње "Златна маска" на ревијата "Вечер", за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Фестивалот "Охридско лето", Охрид, август 2003
- Награда "Златна маска" на ревијата "Вечер", за авторскиот проект "Пијанистот" на Фестивалот "Охридско лето", Охрид, август 2003
- Награда за најпопуларен глумец "Златна Бубамара", Скопје, март 2003
- Награда за најпопуларен глумец на ревијата "Вечер", Скопје, февруари 2003
- Најдобро глумечко остварување за улогата на Лисистрата во претставата "Лисистрата" на Првиот Интернационален Фестивал на Античка драма "Стоби", Велес, јули 2002
- Награда за најоригинална и најекстравагантна претстава за моноперформансот "Пијанистот" на Меѓународниот фестивал на моноперформанси "Видлуња", Киев, Украина, април 2002
- Најдобро глумечко остварување за улогата на Деметар во претставата "Сон на летната ноќ" на МТФ "Војдан Чернодрински", Прилеп, јуни 2001
- Најдобар млад глумец за улогата на Јанко во претставата "Елешник" на МТФ "Војдан Чернодрински", Прилеп, мај 2000
- Награда за најдобар млад глумец на Академијата за музичка и сценска дејност на Град Велес, Велес, февруари 1998
- Награда за најдобар говор и дикција на Фестивалот на алтернативен и амaтерски театар-ФААТ, Кочани, мај 1997
Надворешни врски
|
|