Македонска опера и балет
Македонска опера и балет | Кратенка | МОБ |
---|
Основана | 1947 |
---|
Вид | културна национална установа |
---|
Место | Скопје |
---|
Директор | м-р Васо Ристов |
---|
Вработени | околу 500 |
---|
Мреж. место | mob.com.mk |
---|
Македонска опера и балет (МОБ) — државна културна установа на Македонија.
Организација и менаџмент
Седиштето на „МОБ“ е на булеварот „Гоце Делчев“ бр. 4, Скопје.
Функцијата директор на НОБ ја извршувале:
Уметнички раководители на НОБ биле:Функцијата директор на НОБ ја извршувале:[2]
Историја
Оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“, е изведена на 9 мај 1947), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“, е изведена на 27 јануари 1949). И двата ансамбли работеле во рамките на МНТ.[3]
Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација со име „Македонска опера и балет (МОБ)“. Во 2018 година, името на МОБ било променето во „Национална опера и балет“ или скратено „НОБ“.[4]
НОБ работел во рамките на МНТ во големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927). МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. Потоа, МНТ работел во привремениот објект „Театар Центар“, а тоа траело до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи НОБ, а за потребите на МНТ повторно била изградена, на истото место и со истиот план, зградата од 1927, урната во земјотресот.
На почетокот, во МОБ биле ангажирани тогашните расположливи професионални кадри, како и членови од аматерските хорски и оркестарски ансамбли. Подемот на операта започнал со доаѓањето на диригентот Ловро Матачиќ, кога биле комплетирани солистичката екипа, оркестарот и хорот и почнала да се реализира разновидна репертоарска политика, со нагласок на т.н. „железен репертоар“. Тоа создало услови, ансамблот на МОБ да гостува низ Југославија, како и во Лоѓ, Нирнберг, Букурешт, Стразбур, Софија, Тирана итн. Како последица на големиот интерес од публиката, во 1972 година бил основан фестивалот „Мајски оперски вечери“[5]
Претстави
Опери
- Џузепе Верди, Травијата, 2014 (диригент: Бисера Чадловска; режисер: Нина Најденова)[6]
- Икума Дан, Ноќен жерав, 2014 (диригент: Мазахико Окочи; режисер: Кацухиро Котецу)[7]
- Волфганг Амадеус Моцарт, Така прават сите, 2014 (диригент: Саша Николовски - Ѓумар; режисер: Цветан Стојановски)[8]
- Стојан Стојков, Змејовата невеста, 2015 (диригент: Саша Николовски - Ѓумар; режисер: Дејан Пројковски)[9] [10]
- Џузепе Верди, Набуко, 2015 (диригент: Бисера Чадловска)[11]
- Адријана Лекуврер, 2015 (диригент: Стефано Романи; режисер: Енрико Кастиљоне)[12]
- Рита, 2021 (диригент: Бисера Чадловска; режисер: Трајко Јордановски)[13]
- Џузепе Верди, Трубадур, 2024 (диригент: Иван Еминовиќ; режисер: Иван Поповски)[14]
Балети
- Камиј Сен-Санс, „Самсон и Далила“ (кореограф: Роналд Савковиќ), 2012[15]
- Џузепе Верди, „Дамата со камелии“ (кореограф: Васил Медведев), 2014
- Чезаре Пуњи, „Есмералда“ (кореограф: Михаил Крапивин; режисер: Бисера Чадловска)[16]
- Нерија Голдберг, „Клеопатра“ (кореограф: Василиј Медведев, либрето Јана Темиз), 2016[17]
- Госпоѓицците од Авињон, 2022 (музика: Калиопи Букле; режисер: Олга Панго)[18]
- Петар Илич Чајковски, Заспаната убавица, 2024 (диригент: Најер Нагуи; кореограф: Виктор Јаременко])[19]
Галерија
Наводи
- ↑ Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
- ↑ Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
- ↑ 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
- ↑ 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
- ↑ 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.
- ↑ Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
- ↑ Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
- ↑ Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.
- ↑ „Змејовата невеста - опера на македонски по десет години“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 20.
- ↑ „Змејовата невеста одушеви и визуелно и вокално“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 21.
- ↑ Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 17.
- ↑ Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 24.
- ↑ Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022.
- ↑ Giuseppe Verdi, Il Trovatore, НУ Национална опера и балет, Скопје, 11.5.2024.
- ↑ „Самсон и Далила во МОБ“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 18.
- ↑ Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 27.
- ↑ Ѓургица Јовановска, „Раскошна уметничка креација на Александра Мијалкова како Клеопатра“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 19.
- ↑ Македонска опера и балет, Програма - декември 2022, Скопје, 2022.
- ↑ Петар Илич Чајковски, Заспаната убавица, НУ Национална опера и балет, Скопје, 15.5.2024.
Надворешни врски
|
|