Претходно, терминот “База на податоци” се однесува на самиот податок и поддршка на структурата на податоци (data structures). Базите се создадени да можат да извршуваат операции со поголем квантитет на податоци со зачувавање, внесување и враќање на информации. Базите се поставени за еден софтвер да му овозможи на корисникот пристап до сите информации.
Систем за управување со бази на податоци (DBMS) е пакет компјутерски софтвер кој обезбедува интерфејс помеѓу корисникот и база на податоци или базите на податоци. Бидејќи се тесно поврзани, поимот "база на податоци" кој се користи разговорно најчесто се однесува и на DBMS и на податоци кои се користат.
Според интеракцијата, повеќето постоечки DBMS спаѓаат под 4 групи:
Data Definition (дефинирање на податок). Дефинирање на нова структура на податок во базата, бришење на структурата на податок, и менување на веќе посточка структура на податок.
Ажурирање. Внесување, Менување и Бришење на податоци.
Администрација. Регистрирање и надгледување на корисници, безбедност на податоците, надгледување на перформансите на базата, враќање на податоци ако падне системот.
DBMS е одговорна за одржување на интегритетот и безбедноста на складираните податоци.
Апликации и улоги
Повеќето организации во поразвиените држави зависат од базите на податоци за нивните бизнис операции. Базите не само се користат за внатрешни операции во органиција, но и за комуникација помеѓу клиентот и снабдувачот (погледни Софтвер за продажба).
Наводи
↑Ramakrishnan - Database Management Systems 3rd Edition