Аспрокамб (грчки: Ασπρόκαμπος, Аспрокампос) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 80 жители (2011).
Селото е оддалечено околу 13 км североисточно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 600 м.[2]
Во XIX век Аспрокамб било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Аспрокамб живееле 110 Грци.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Аспрокамбо се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 8 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Аспрокамб живееле 83 Грци христијани.[5]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 71 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 65.[2]
Селото се важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Населението произведува од сѐ по малку. Внимание му се посветува и на краварството.[2]
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 71 жител, во 1920 година со 65 жители, во 1928 година со 121, во 1940 година со 148, во 1951 година со 161, во 1961 година со 202, во 1971 година со 152, во 1981 година со 149, а во 1991 година со 121 жители.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Селото припаѓа на општинската единица Гребен со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гоблар, во кој влегува и селото Гоблар.