Селото е оддалечено околу 25 км југозападно од градот Гребен, на источните падини на планината Пинд, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 900 м.[2] Во непосредна близина на селото е сместен Портички мост.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спилеон се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 79 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спилио живееле 600 Грци христијани.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 717 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 657.[2]
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
837
561
562
454
531
422
447
187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 33 квадратни километри. Општината Спилио била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спилио, во кој е единствено село.