Амбар е градба чија основна намена е складирање на жито или сточна храна. Најчесто влезот му е на поголема височина како би се спречил пристап на глувци и други штетници. Амбарите се карактеристични за земјоделските и селските подрачја.
Житото се складира уште од антички времиња.[1] Најстарите откриени амбари датираат од 9500 години п.н.е.[2]