Џастин Тимберлејк

Џастин Тимберлејк
Justin Timberlake
Тимберлејк на премиерата на Шрек 3 во 2007.
Животописни податоци
Родено имеЏастин Рандал Тимберлејк
Роден(а)31 јануари 1981(1981-01-31)(43 г.)
Мемфис, Тенеси
ПотеклоShelby Forest, Tennessee, United States
ЖанровиPop, dance, R&B
ЗанимањаSinger-songwriter, musician, record producer, dancer, actor, businessman
ИнструментиVocals, keyboards, guitar, beatboxing
Период на активност1992—
ИздавачиJive, RCA
Соработници'N Sync, The Y's, Timbaland, Nelly Furtado
Мреж. местоjustintimberlake.com

Џастин Рандал Тимберлејк (англиски: Justin Randall Timberlake, 31 јануари 1981 година[1]) — американски поп-музичар и глумец. Тој има освоено шест Греми награди, како и две Еми награди. Стекна слава на почетокот кога се јавуваше како натпреварувач на “Потрага по ѕвезда”, и продолжи како ѕвезда на Disney Channel за телевизиската серија “The New Mickey Mouse Club “ каде што ја запозна идната бенд група JC Chasez.Тимберлејк стана познат во доцните 1990-ти како водечки вокал на ‘N Sync машкиот бенд, чиј почеток беше финансиран од страна на Лу Перлмен.

Во 2002 година го издава неговиот деби соло албум, Justified, од каде се продадоа повеќе од 7 милиони примероци во светот. Албумот беше комерцијален успех, стартувајќи со хитовите "Cry Me а river" и "Rock your body”.Тимберлејк го продолжи својот успех со својот втор соло албум FutureSex / LoveSounds (2006), дебитирајќи како број еден на Билборд 200 листата, а во продукција за број еден хит сингловите во САД се песните "SexyBack", "My Love" и "What Goes Around ... / ...Comes Around ".

Првите два албуми на Тимберлејк го направија еден од најрекламираните и најпознато успешни пејачи во светот, каде секоја продажба на албумите беше во износ поголем од 7 милиони копии.И покрај музиката, тој, исто така, започна глумечка кариера, додека другите негови потфати ја вклучуваат и издавачката куќа Tennman Records, модниот тренд на Вилијам Раст, и рестораните Destino и Southern Hospitality.

Животопис

Тимберлејк е роден во Мемфис, Тенеси,[1] син на Лин Харлес (родена во Бомар) и Рандал Тимберлејк.[2][3][4] Тимберлејк е од англиски потекло, а исто така има и непотврдени американско- индијански предци. Неговиот дедо од татковска страна, Чарлс Л. Тимберлејк, бил министер за Крстителство, па Џастин бил познат по прекарот "Тимберлејк Крстител", иако сега се смета себеси повеќе за "духовен отколку верски"

Родителите на Тимберлејк се развеле во 1985 година,но и двајцата се имаат преженето.Неговата мајка, која сега раководи компанија за забава наречена “Само во време Забава”, премажена е со Пол Харлес, банкар, кога нејзиниот син бил пет години. Неговиот татко, директор на хорот во баптистичката црква, има две деца, Џонатан (роден во 1993 г.) и Роберт Стивен (роден на 14 август 1998 г.) од неговиот втор брак со Лиза Пери.Полусестрата на Тимберлејк, Лора Кетрин, починала кратко време по раѓањето на 14 мај 1997 година, а се споменува во неговитe признанија во албумот на ‘N SYNC како "Мојот Ангел на небото". Тимберлејк израснал во Шелби Гора, од средна класа на предградието меѓу Мемфис и Милингтон. Неговиот прв обид во пејачката кариера биле песни од кантри-музика на Потрга по ѕвезда таму познат како Џастин Рандал. Во 1993 година, Тимберлејк се приклучи на глумечката екипа на Клубот на Мики Маус.Неговите глумечки колеги кои се вклучени во шоуто се идната девојка и поп ѕвезда Бритни Спирс, Кристина Агилера, и неговиот колега од бендот Џеј Си Чезес. Шоуто заврши во 1994 година, но доцна во 1995 година Тимберлејк го побара Часез да биде член на машката група организирана од менаџерот на бендот Лу Перлмен кои на крајот станаа 'N Sync.

Музичка кариера

*1995-2002: 'N Sync

Тимберлејк и Џеј Си Часез беа два водечки гласови на ‘N Sync популарната група во 1990-тите.[5] Групата е формирана во 1995 година,а ја започна својата кариера во 1996 година, во Европа.Таа стана голем хит во САД во 1998 година со пуштањето на својот деби албум *NSYNC, каде се продадоа 11 милиони копии. Во албумот се вклучени голем број на хит синглови, меѓу кои и "Tearin ' up my heart".Наредните две години, поттикнати од сличните подобрувања со Backstreet Boys, 'N Sync се вмеша во долга легална борба со менаџерот Лу Перлмен. На крајот бендот потпиша договор со Jive Records. Во март 2000 година, 'N Sync го објави долгоочекуваниот албум, No Strings Attached, кој стана најбрзо продаван албум на сите времиња со 2,4 милиони продадени примероци во првата недела[6] а во продукција со број 1 хитот "It’s Gonna Be Me”. Објавувањето беше проследено со третиот албум на бендот, Celebrity, кој беше втор по ред најбрзо продаден албум на сите времиња. Во 2002 година, по завршувањето на турнејата со Celebrity и објавувањето на песната “Girlfriend” (третиот сингл од албумот Celebrity) групата одлучи да “одмори” малку, така што Тимберлејк почна да работи на својот прв соло албум.По некое време групата се распадна. Во кариерата на групата, ‘N Sync беше меѓународно позната по настапите на доделувањето на оскари[7] на Зимските олимписки игри 2002,[8] и на Супер Боул,[9] како и продажба на повеќе од 50 милиони примероци во светот, тие се на петто место на списокит од најмногу продадени албуми од машки групи во историјата.[10]

Кон крајот на 1999 година, Тимберлејк го направи своето глумечко деби во Disney Channel глумејќи во филмот “Model Behavior”. Тој го одигра Џејсон Шарп, модел кој се заљубува во келнерка за која погрешно мислејќи дека била модел.[11] Тој бил објавен на 12 март 2000 година.

Како член на ‘N Sync, Тимберлејк се разви како голема славна личност и музичар, бидејќи тој беше писател и соавтор на сите три синглови од Celebrity. Возвишувањето на неговиот статус како славна ѕвезда и општото опаѓање на популарноста на бендот доведе до распаѓање на ‘N Sync. Членот на групата Ленс Бас изјави дека тој верува дека групата е распадната, и отворено го критикува Тимберлејк за постапките во неговиот мемоар “Out of Sync”.[12] Од друга страна, Крис Керкпатрик во август 2008 година, се надеваше на останатите пет членови од бендот и веруваше дека ќе има повторно обединување на групата. Тој го повтори тоа мислење во октомври 2009 година.Во септември 2008 година, Бас, исто така, направи помирувачки коментари.

2002-04:Justified и Супер Боул

Во август 2002 година, по неколку месеци на снимањето на неговиот деби соло албум Justified, Тимберлејк го изведе во 2002 година на MTV Видео музички награди.[13] Тој го промовираше неговиот прв сингл "Like I Love You", една мала танцова песна произведена од The Neptunes. Песната достигна број 11 на Ранг листата 100.[14] По синглот, Тимберлејк на 5 ноември 2002 година го издаде албумот Justified.[15] На албумот се продадоа помалку копии отколку од претходните на 'N Sync. Тој дебитираше на второто место од Билборд 200 листата, продавајќи 439.000 копии во првата недела од продажбата. Всушност се продадоа повеќе од три милиони копии во САД и повеќе од седум милиони примероци во светот.[16] Албумот исто така, доби позитивна критика, благодарение на големото R & B влијание обезбедено од хип-хоп продуцентите на Нептунс и Тимбаленд.[17] Тој ги направи хитовите во текот на крајот на 2002 и 2003 година, вклучувајќи ги и најдобрите десет синглови "Cry Me A River" и "Rock Your Body".[18]

На крајот од 2003 година, Тимберлејк сними песна со наслов "I’m Lovin 'It". Таа била употребувана од страна на Mc Donald’s како тема на нејзините "I’m Lovin 'It", кампања. На договорот со McDonald's Тимберлејк заработи околу 6.000.000 $ а турнејата насловена како Justified и Lovin 'It беше вклучена во договорот.[19][20] Тимберлејк беше вклучен и во песната на Нели “Work It”, која беше ремикс и е вклучена во 2003 ремикс албум на Нели.[21]

За време на полувремето од шоуто на Супер Боул XXXVIII која се емитувала на Си-Би-Ес телевизиската мрежата во февруари 2004 година, Тимберлејк врши изведба со Џенет Џексон пред публика од повеќе од 140 милиони гледачи. На крајот од изведбата, при завршетокот на песната, Тимберлејк искинува еден дел од црно кожениот костим на Џенет Џексон кој е “ преродбен костум” кое претставувало еден дел од изведбата на песна. Џенет Џексон и Тимберлејк потврдија дека тоа го планирале самостојно без да информираат некој а особено не камерите на Си-Би-Ес.Дел од костимот беше одвоен, и градите на Џексон беа кратко изложени.[22] Тимберлејк се извини за инцидентот, наведувајќи : "жал ми е ако некој е навреден од “гардероба дефектот” за време на полувременската изведба на Супер Боул...."[23] Фразата " гардероба дефект"[24] оттогаш се користи од страна на медиумите да се зборува за инцидентот и влезе во поп културата. Како резултат на контроверзноста, на Тимберлејк и Џексон им се заканија со исклучување од Греми наградите 2004, освен ако тие не се согласат да се извинат пред екранот за настанот.Тимберлејк издаде напишано извинување кое го прифатија и му дадоа да присуствува на Греми наградите.Така,тој добил две Греми награди таа ноќ (награда за Најдобар Поп вокален албум за Justified и награда за Изведба на најдобар машки поп вокал за "Cry Me a River").[25] Тој исто така бил номиниран за Албум на годината за Justified, и Најдобра песна на годината за "Cry me a River", исто така добил Најдобра Рап изведба за песната "Where Is the Love?" со Блек Ајд Пис.[25]

Во 2004 година американскиот судија за музички идол Симон Ковел во списание “People” го опиша Тимберлејк како "единственото бело дете кое се обиде да глуми црнец во текот на последните неколку години".

2004-2006: соработка и глума

По контроверзноста во Супер Боул, Тимберлејк ја остави неговата музичка кариера во мирување за да глуми во неколку филмови, така што глумеше во неколку играни филмови пред својата музичка кариера.[26] Првата улога ја презеде во тоа време каде играше како новинар во трилерот ”Edison Force”, кој беше снимен во 2004 година а се емитуваше на 18 јули 2006 година.[27] Тој исто така се појави во филмовите “Alpha Dog”, “Black Snake Moan”, “Southland Tales” на Ричард Кели, и го глумеше гласот на принцот Арти Пендрагон во анимираниот филм “Shrek the third”, објавен на 18 мај 2007 година.[28] Се појави и како младиот Елтон Џон, во спотот на Џон за песната "This Train Don’t Stop There".[29] Тимберлејк го зедоа предвид да ја игра улогата на Роџер Дејвис во филмската верзија на рок мjузикалот Rent, но режисерот Крис Колумбус инсистираше на тоа дека само оригиналните членови на Broadway можат да го пренесат вистинското значење на Rent.[30]

Тој продолжи да сними со други изведувачи. По номинираната песна "Where Is the Love?", тој повторно соработуваше со Блек Ајд Пис во песната "My style" од нивниот албум Monkey Business во 2005 година.[31] При снимањето на песната "Signs" со Снуп Дог во 2005 година, Тимберлејк откри лоша состојба на грлото.[32] Ситни израстоци му беа отстранети од неговото грло, во операцијата на 5 мај 2005 година.[33] Тој беше советуван да не пее или зборува гласно за најмалку неколку месеци.[34] Во летото 2005 година, Тимберлејк ја започна својата сопствена издавачка куќа, JayTee Records.[35]

Тимберлејк имаше кратка појава во спотот за песната "Promiscuous" со Нели Фуртадо и Тимбаленд објавена на 3 мај 2006 година.

2006-07: FutureSex / LoveSounds

Тимберлејк го издаде својот втор соло албум, FutureSex / LoveSounds, на 12 септември 2006 година.Албумот, кој е основан во 2005 година од страна на Тимберлејк дебитира за број еден хит на Билборд 200 албум листата, продавајќи 684.000 копии во првата недела.[36] Тој е најголемиот албум кој се наоѓа на прв ред од iTunes, и го собори рекордот на Coldplay за најбрзо продаден дигитален албум за една недела.[37] Албумот е продуциран од Тимбаленд и Дања (која произвела најголемиот дел од албумот), will.i.am, Рик Рубин и самиот Тимберлејк, и со појавување на вокалот на Снуп Дог Three 6 Mafia, T.I и will.i.am.[38] Ателјето на уметниците е претставено и опишано како "се за разголеност" и со цел за " се чувствувам возрасен".[39]

Првиот водечки сингл албумот, "SexyBack", беше изведен од страна наТимберлејк на отворањето на MTV Видео Музички Награди 2006 и го достигна број еден хит на Билборд Хот 100, каде што остана седум недели по ред. Втор сингл албумот "My Love", исто така, произведен од страна на Тимбаленд и раперот T.I, достигна број еден хит на Хот 100 листата, како и третиот сингл "What Goes Around... / ...Comes Around Interlude". За песната е објавено дека бил инспириран од раскинувањето на неговиот пријател од детството и деловен партнер, Тракија Ајала, со глумицата Елиша Кутберт.[40] Во октомври 2006 година Тимберлејк рече дека ќе се фокусира на неговата музичка кариера, а не на неговите филмски улоги, наведувајќи дека напуштањето на музичката индустрија ќе биде "глупава работа да се направи во овој момент".[41] Тој беше специјален гостин и изведувач во Викториас Сикрет 2006 шоу каде што ја пееше песната ”SexyBack”.[42]

Во јануари 2007 година, Тимберлејк се оддаде на FutureSex / LoveShow турнеја. "Love Stoned / I Think She Know Interlude" беше четвртиот американски сингл од албумот, а другиот сингл во Велика Британија беше "Love Stoned / Think She Knows Interlude". Со песната "Give it to me", сингл на Тимбаленд на кој Тимберлејк присуствува со Нели Фуртадо, стана број еден хит на Hot 100 листата за најдобар спот.[43]

Во февруари 2008 година, на Тимберлејк му беа доделена две Греми награди. На церемонијата за 50-тите Греми награди, Тимберлејк ја освои наградата за Најдобра машка изведба за песната “ What Goes Around … Comes Around", а награда за Најдобро снимена денс песна "LoveStoned / I Think She Knows".

2007-10

Во април 2007 година, Тимберлејк беше виден како влегуваат во некое студио во Лондон со Мадона, па се потврдуваат гласините дека тој бил во соработка со неа.Песната "4 Minutes", прво беше одиграна од страна на Тимбаленд на Џингл Бал во Филаделфија на 17 декември 2007 година.[44] Кога песната “4 Minutes” беше објавена на 17 март 2008 година беше разоткриено дека таа станала дует помеѓу Тимберлејк и Мадона, а со придружен вокал на Тимбаленд. Синглот стана дел од единаесеттиот студиски албум на Мадона Хард Кенди, во кој се вклучени уште четири други напишани песни во соработка со Тимберлејк. Синглот беше меѓународен хит, и се најде на врвот на топ листите во повеќе од 21 земји во светот.[45] Тимберлејк исто така се појавува и во видео записот, кој е во режија на Џонас и Франсоа. На 30 март 2008 година, Тимберлејк се појавува на изведба за песната на Мадона во Хард Кенди Промо шоу во Розленд Балрум,Њујорк.[46] На 6 ноември 2008, Тимберлејк исто така ја изведува песната со Мадона во станица на Лос Анџелес од нејзината Sticky & Sweet турнеја.[47]

Околу јуни 2007 Тимберлејк беше пишувач, издавач и обезбеди вокали за песните "Nite Runner" и "Falling Down" за албумот на Дуран Дуран Red Carpet Massacre, објавен на 13 ноември 2007 година."Falling Down" како сингл пак бил издаден во Велика Британија на претходниот ден.[48]

Тимберлејк исто така,се појавува и во третиот албум на 50 Cent наречен Curtis во 2007 година. Тимберлејк заедно со Тимбаленд се појавува и во песната наречена "Ayo Technology", која беше четвртиот сингл од албумот. Исто така, друга негова соработка беше и појавувањето со Лил Вејн за неговиот албум Tha Carter III со Нели Фуртадо и Тимбаленд.[49]

Со завршувањето на FutureSex / LoveSounds турнејата низ Австралија и Средниот Исток, во ноември 2007 година Тимберлејк продолжи со неговата филмска кариера. Реализираните проекти на Тимберлејк во текот на почетокот на 2008 година беа глумењето улоги во комедијата на Мајк Маерс, "The Love Guru” ( објавена 20 јуни 2008 година) и драмата на Мајк Мередит “The Open Way” (објавена 28 август 2009 година). Во март 2008 година беше најавено дека тој бил бил извршен продуцент во преработката на американскиот хит “Peruvian” за комедијата ”My Problem with Women” за Ен-Би-Си.[50]

На 20 ноември 2008, телевизијата TV Guide објавија дека следниот сингл на Тимберлејк "Follow My Lead", што исто така вклучува вокали од Тимберлејк и поранешниот YouTube ѕвезда Есми Дентерс, ќе бидат достапни за симнување ексклузивно преку MySpace. Сите приходи ќе одат за Психијатриската болница за деца, една добротворна организација посветена за подобрување на педијатриската нега за болните деца.[51]

Во 2008 година соработката меѓу Тимберлејк и T.I за песната "Dead and Gone" беше промовирана за шестиот студиски албум на TI, Paper Trail, која била издадена како четврти сингл доцна во 2009 година. Во ноември 2008 година, беше потврдено дека Тимберлејк ќе биде гостин и произведувач на некои песни на R & B и поп-пејачката Сиара за претстојниот албум Fantasy Ride закажан за 5 мај 2009. Тимберлејк учествува и во вториот видео сингл на Сиара "Love Sex Magic", кој e снимен на 20 февруари 2009 година.[52] Синглот стана светски хит, достигнувајќи за најдобрите први десет хитови а во неколку земји стана и број еден хит вклучувајќи го Тајван, Индија и Турција. Синглот беше номиниран за Најдобра поп-соработка со вокал на 52те Греми награди.[53]

Тимберлејк и неговата тим продукција на The Y’s, заедно со Мајк Елизодо ја изработија и напишаа песната "Don’t Let Me Down" за вториот студиски албум на Леона Луис, Echo, објавени (во САД) на 17 ноември 2009 година. Тимберлејк е пишувач и изведувач на третиот сингл "Carry Out" од албумот Shock Value II на Тимбаленд објавен на 1 декември 2009 година.[54]

Тимберлејк се појави на МТV Видео Музички Награди на 12 септември 2010 година.

Друго

При крајот на 2002 година, Тимберлејк беше првата личност која се појави на Punk'd на "Слатка камера" еден вид на шоу создадено од Ештон Кечер каде ги исмејува познатите личности.[55] Тимберлејк, кој плачеше за време на епизодата, подоцна призна дека бил под влијание на марихуана кога бил наместен (измајтапиран).[56] Три епизоди подоцна, тој ја намести Кели Озборн да биде "punk'd" (измајтапирана).[57] Но тој направи Тимберлејк да биде еден од првите славни личности кој беше често покажуван на шоуто. Како резултат на тоа Тимберлејк подоцна го исмеја Ештон Кечер и неговото шоу Punk'd како маскиран во една епизода од емисијата Saturday Night Live на телевизијата Ен-Би-Си во 2003 година.[58]

Тимберлејк беше водител на многу музички настани, вклучувајќи ги и Европските MTV Музички награди во 2006 година. На 16 декември 2006 година, Тимберлејк беше водител на шоуто Saturday Night Live,каде имаше двојна должност, како водител и музички гостин по вторпат. Во текот на ова гостување, тој и Енди Самберг ја изведоа R & B сатиричната песна насловена "Dick in a Box", која што некои радио станици ја емитуваа како неофицијален сингл од Тимберлејк и стана еден од најгледаните видеа на Ју Тјуб.[59] На 9 мај 2009 година, тој уште еднаш се појавува во Saturday Night Live- Digital Short во квазипродолжението на "Dick in Box" насловено "Motherlover" заедно со Самберг, Сузан Сарандон и Патриција Кларксон.

На 2 март 2009 година Тимберлејк се појавува како гостин на дебито на Џими Фелон “Late Night with Jimmy Fallon”.

Во 2004 година, познатото шоу Еј-Би-Ес (ABC), го ангажира Тимберлејк да напише песна за NBA пренос.

Тимберлејк е главен продуцент на MTV реалните серии "The Phone", чија премиера e на 21 април 2009 година. Според списанието “People”, серијата "ги засегнува натпреварувачите дури до состојба да им запре срцето при авантурната акција која е достојна за еден летен бестселер. Во епизодите кои траат шест часа, мистериозен странец се јавува по телефон и поканува четворица странци кои би играле во опасната игра. Ако тие прифатат, се парираат во два тима и се осмелуваат да вршат физички и ментални предизвици кои потсетуваат на носталгичноста кај филмовите со Мет Дејмон ”The Bourne Identity” или ”Eagle Eye” со Shia LaBeouf.”

Бизнис

Тимберлејк е во сопственост на три ресторани во САД кои се доста славни и тоа “Chi” кој е отворен во 2003 година во Западен Холивуд,Калифорнија[60] и "Destino" и "Southern Hospitalty" во Њујорк кои се отворени во 2006 и 2007 година.[61] Тој исто така има и свој бренд на текила наречена “901” чие име доаѓа од повикувачкиот код на еден дел од родниот град Мемфис.

Во 2005 година, Тимберлејк започна со лансирање на модната линија William Rast заедно со другар му од детството Хуан ("Тракија") Ајала.Модната линија за 2007 година содржеше кожени јакни, џемпери со јака, фармерки и поло маици.[62] За некои делови од облеката земаа инспирација од славниот Елвис Присли. "Елвис е совршена комбинација за Џастин и мене", вели Ајала. "Можете да се вратите назад и да видите слики од него во каубојски чизми и каубојска шапка со прекрасна кошула со копчиња, но во истиот момент ќе може да го видите и во смокинг и јакнена кошула со вештачки дијаманти на него и спортски панталони. Баш би сакале да знаеме "Ако тој бил жив денес, што би носел?"[63] Најави велат дека William Rast колекцијата содржи облека за надвор (шапка,шал, палто...), спортска облека за мажи и жени како и вклучувајќи ги и облеките направени од тексас платно.Оваа колекција ќе се промовира во декември и ќе бидат достапни за еден месец.[64]

Тимберлејк обезбедува славна поддршка за многу рекламни производи.Од оваа гледна точка својот бизнис беше раководен од ИМГ Спорт & Рекреација од април 2008 година.Главни рекламни производи на Џастин во 2009 година се Sony електронските производи,[65] Mашкиот мирис "Play" од Живанши,[66] колата "Audi А1 ",[67] и производите на Callaway Golf Company.[68][69]

Како аматерски и страствен играч на голф, во 2007 година Тимберлејк го купи запуштениот голфски терен Big Creek Golf Course во неговиот роден град Милингтон, Тенеси, каде што тој го преуреди како еко-пријателски Mirimichi Golf Course, кој беше во вредност од некои 16 милиони американски долари. Тој повторно беше отворен на 25 јули 2009 година, но пак бил затворен на 15 јануари 2010 година за дополнителни подобрувања кои се очекува да траат шест месеци.[70]

Хуманитарни цели

Тимберлејк зема учевство во повеќе добротворни определба, првично преку 'N Sync's за "Предизвик за децата" чија цел е спектар за добротворни организации, а од 2001 година преку неговата " Фондација на Џастин Тимберлејк " со која започна со финансирање на музичката образовна програма во училиштата, но сега има многу пошироки вклучени програми.[71] Во октомври 2005 година,Греми Здружението го претстави Тимберлејк со награда за своите хуманитарни напори во Тенеси, заедно со писателот и режисер Крег Бревер, исто така со потекло од Мемфис.[72]

Во ноември 2007 година, тој донираше 100.000 $ од профитот од неговата австралиски тура Wildlife Warriors основана од починатиот Стив Ирвин.[73] На 23 март 2008 година, тој донираше 100.000 $ во Музејот Rock 'n' Soul во Мемфис и уште 100.000 $ на Музичката Фондација во Мемфис.[74]

На 12 ноември 2007 година, PGA Tour најави дека Тимберлејк, страствениот играч на голф, ќе гостува во турнејата на Лас Вегас турнирот кој започнува во 2008 година.[75] Со договорот за учеството на турнирот неговото име беше изменето како “Џастин Тимберлејк-Отворење психијатриска болници за деца”.Тој играше за време на раните утрински часови сè до полноќ па дури и на денот пред конкурентниот турнир.Исто така беше и гостин на добротворниот концерт во текот на неделата на турнирот.[76] Оваа активност беше успешна, а исто така се повтори и во 2009 година.Прегледот за вредноста на познатите личности за прибирање на финансиски средства заклучи дека придонесот на Тимберлејк за Психијатриската болници за деца беше една од највредните славни поддршки во САД за во текот на 2009 година, а во вредност од над 9 милиони американски долари.[77]

Личен живот

Тимберлејк за време на играње голф во 2006 година.

Во почетокот на 1999 година, Тимберлејк стекна голема слава со љубовната врска со колешката и поп-пејачката Бритни Спирс, со која тој работел на New Mickey Mouse Club. Врската нивна неочекувано заврши во март 2002 година,[78] каде во некои таблоиди се ширеа шпекулациите за неверство на Спирс со кореографот Вејд Робсон,кој бил заеднички пријател на Спирс и Тимберлејк. Лин Харлес вели дека како мајка таа исто така била разочарана од раскинувањето на нивната врска, но сè до денешен ден таа зборува се најдобро за Спирс, " Бритни израсна во мојата дневна соба. Јас сè уште ја сакам неа до смрт. Тие (Џастин и Бритни) беа заедно 10 или 11 години и од ден на ден помеѓу нив постоеше сè поголема инстант љубовна хемија. Таа е слатка девојка. Јас само го мразам она преку што поминува таа денес." Распаѓањето на нивната врска имаше влијание за Тимберлејк да го напише текстот и темата во хитот "Cry Me A River", еден од најпопуларните синглови од албумот Justified.

После раскинувањето со Спирс,Тимберлејк обично одбивал да дискутира за својот личен живот со медиумите, како резултат на тоа што неговата врска биле главна тема на многу шпекулации во таблоидите и во печатот на славните. Тој беше вклучен и во врска со пејачката и глумица Стејси Фергусон пред 2001 година.Бил романтично поврзан со глумицата и танчерка Џена Диван (во средината на 2002 година) и глумицата и пејачка Алиса Милано (во периодот од септември и октомври 2002 година).Тимберлејк почна да се состанува и со глумица Камерон Дијаз наскоро откако ја сретнал на Nickelodeon Kids 'Choice наградите во април 2003 година.Чести гласини за распадот на Тимберлејк објавени во таблоидите беа или игнорирани или повремено одбиени.На 16 декември 2006 година во една епизода на Saturday Night Live, Дијаз го претстави Тимберлејк како музички гостин на вечерта, и парот кратко време потоа официјално се раздели.[79][80][81] После тоа таблоидите наводно тврдеа дека постои љубовна врска меѓу Тимберлејк и Скарлет Јохансон, со кого беше го снимал спотот за неговиот сингл "What Goes Around... / ...Comes Around Interlude". На 11 јануари 2007 година Дијаз и Тимберлејк издадоа заедничка изјава:

"Отсекогаш било наша предност да не коментираме за состојбата на нашите односи, но од почит кон времето кое го поминавме заедно, се чувствуваме обврзани да го сториме тоа сега, во светлината на најновите шпекулации и за бројот на неточните приказни кои се објавени од страна на медиумите. Ние, всушност, ја завршивме нашата романтична врска и го направивме тоа меѓусебно како пријатели, со понатамошна љубов и почит кон еден спрема друг. "

Подоцна во јануари 2007 година Тимберлејк е поврзан со Џесика Бил,[82] кога се појавија слики од нив двајца како скијаат во градскиот парк Јута, во текот на Sundance филмскиот фестивал. Тие се свршија во декември 2011 година и се венчаа на 19 октомври 2012 година во Фасано, Италија.[83] Нивниот прв син е роден во април 2015 година [84][85] Во јули 2020 година тие добија второ дете, син.[86][87][88]

На 12 мај 2007 година беа објавени романтични слики на Тимберлејк и Бил од повеќе датуми.На 9-15 август 2008 година во изданието на списанието “Heat”,каде од Тимберлејк беше побарано да ја опише неговата совршена жена, тој одговори: "Пропорции околу 90-60-90 ... убав задник, Среднозападна Американка, некој вид на германско презиме, зелени очи, големи надуени усни, светла кожа, аххххх .... жилаво тело..." Меѓутоа, за време на неговата појава на шоуто "The Tonight Show with Jay Leno" на 11 јуни 2008 година, кога Џеј Лено го прашала нешто во врска со гласините за свршувачката и бременоста, Тимберлејк на шега и одговори дека тој "е привлечен од разговорот со Лено" и дека "сите воопшто можат да забременеат"

Тимберлејк беше насловен за најсекси маж во списанијата “Teen People” и “Cosmopolitan”.

На 17 февруари 2009 година, Тимберлејк беше прогласен за “Маж со најголем стил во Америка”

Тој е навивач на англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед.

Наводи

  1. 1,0 1,1 „JUSTIN TIMBERLAKE“. Grammy Awards. November 23, 2020.
  2. „Justin Randall Timberlake“. Geneanet.
  3. Summers, Kimberly Dillon (June 16, 2010). Justin Timberlake: A Biography. ABC-Clio. ISBN 9780313383212.
  4. Moss, Corey (August 15, 2006). Justin Timberlake. MTV. Архивирано од изворникот на September 1, 2006. Посетено на May 5, 2015.
  5. „Ex-Mouseketeers: Where Are They Now?“. ABC News. January 18, 2008. Архивирано од изворникот на May 24, 2008.
  6. Weatherby, Taylor (March 24, 2020). 'It's *NSYNC's World, We Just Live in It': An Oral History of 'No Strings Attached' Selling a Historic 2.4 Million First-Week Copies in 2000“. Billboard.
  7. MEYERS, LAURA MARIE (February 26, 2017). „This Actually Isn't Justin Timberlake's First Time Performing at the Oscars“. PopSugar.
  8. Moss, Corey (December 18, 2001). „Creed, 'NSYNC, Dave Matthews Band, More Set For Olympic Concert Series“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 5, 2008.
  9. Franich, Darren (February 5, 2021). „Watching the 2001 Super Bowl halftime show, 20 years later“. Entertainment Weekly.
  10. Newman, Melinda (November 14, 2017). „*NSYNC And Epic Rights Join Together For Merchandise Line to Celebrate Band's 20th Anniversary: Exclusive“. Billboard.
  11. Honeycutt, Shanté (April 25, 2018). „Boy Band Flashback: When *NSYNC-Era Justin Timberlake Played a Teen Heartthrob in TV Movie 'Model Behavior'. Billboard.
  12. Abbott, Jim. „Lance Bass book comes out“. Orlando Sentinel. Архивирано од изворникот на September 15, 2008.
  13. „MTV Video Music Awards to mix irreverence, 9/11 remembrance“. USA Today. August 29, 2002. Архивирано од изворникот на May 23, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  14. Празен навод (help)
  15. „Review: Timberlake's 'Justified' strangely anonymous“. CNN. October 30, 2002. Архивирано од изворникот на December 3, 2002. Посетено на April 22, 2008.
  16. „The Comiebackkid [sic]“. Daily Record. Scotland. Архивирано од изворникот на February 16, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  17. „Justified (2002)“. Entertainment Weekly. October 28, 2002. Архивирано од изворникот September 14, 2012.
  18. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] „Justin Timberlake“] Проверете ја вредноста |url= (help). Billboard. Посетено на April 22, 2008.
  19. „Justified And Stripped Preview: Timberlake Talks Tour“. MTV. Архивирано од изворникот на May 1, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  20. „Timberlake Ties Up Tasty McDonald's Deal“. Billboard. September 3, 2003. Архивирано од изворникот January 1, 2015. Посетено на December 17, 2014.
  21. „Singles and Albums Reviews; Nelly feat Justin Timberlake Work It ****.(192)“. Daily Record. Посетено на April 22, 2008.[мртва врска]
  22. „Apologetic Jackson says 'costume reveal' went awry“. CNN. February 2, 2004. Архивирано од изворникот на April 24, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  23. „Apologetic Jackson says costume reveal went awry“. CNN. February 2, 2004. Архивирано од изворникот на April 24, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  24. Puente, Maria (February 4, 2004). „Will 'wardrobe malfunction' live on?“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 17, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  25. 25,0 25,1 Ayres, Chris (February 9, 2004). „Clinton outdoes wife to win Grammy with Gorbachev“. The Times. London. Посетено на April 22, 2008.[мртва врска]
  26. Erlewine, Stephen Thomas. „Justin Timberlake – Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на March 16, 2013.
  27. Susman, Gary (February 10, 2004). „Consolidated 'Edison'. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот May 29, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  28. „Voice cast announced for SHREK THE THIRD“. Mania. July 13, 2006. Архивирано од изворникот на April 14, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  29. „Timberlake does justice to Elton John“. USA Today. January 11, 2002. Архивирано од изворникот на May 23, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  30. „Rent Film Success Bodes Well for Future Movie Musicals“. Broadway World. November 28, 2007. Архивирано од изворникот на February 28, 2008. Посетено на February 6, 2008.
  31. „Black Eyed Peas turn to Timberlake“. Radio Telefís Éireann. Архивирано од изворникот на April 13, 2005. Посетено на April 22, 2008.
  32. „Justin Timberlake Undergoes Throat Surgery“. People. May 12, 2005. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  33. „Justin Timberlake Undergoes Throat Surgery“. People. Архивирано од изворникот February 14, 2017. Посетено на June 21, 2006.
  34. „THE COMIEBACKKID; Exclusive the BIG razz interview A boyband, solo hits, awards, Hollywood ... now Justin Timberlake is back for more.(Features)“. Daily Record. Посетено на April 22, 2008.[мртва врска]
  35. Walters, Joanna (October 2, 2005). „Justin bids for Elvis's kingdom“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на August 29, 2013. Посетено на April 22, 2008.
  36. Freydkin, Donna (October 13, 2006). „Timberlake, roommate Trace talk shop“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 8, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  37. „Justin Timberlake Album Hits Number One“. The Washington Post. Associated Press. September 21, 2006. Архивирано од изворникот на November 4, 2012. Посетено на April 22, 2008.
  38. „Timberlake To Release His Lovesounds“. ShowBuzz. June 20, 2006. Архивирано од изворникот на October 13, 2007. Посетено на June 21, 2006.
  39. „Timberlake to release 'sexy' new album“. Digital Spy. June 21, 2006. Архивирано од изворникот на November 14, 2017.
  40. 'Alpha Dog' Director Explains The Story Behind Justin's New Single“. Popdirt. December 29, 2006. Архивирано од изворникот на December 4, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  41. „Timberlake: "I Will Never Take a Break from Music". China Daily. October 13, 2006.
  42. „5 Best Musicians That Have Performed at Victoria's Secret Fashion Show“. New York: CBS. December 1, 2013. Архивирано од изворникот на September 25, 2015. Посетено на May 7, 2015.
  43. Cohen, Jonathan (April 12, 2007). „Timbaland Soars To No. 1 After Sales Explosion“. Billboard. Архивирано од изворникот May 8, 2013. Посетено на April 22, 2008.
  44. „Madonna, Justin Timberlake, Timbaland collaboration leaked“. NME. December 17, 2007. Архивирано од изворникот на May 1, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  45. Bull, Sarah (May 12, 2008). „Madonna's sweet success continues“. News Limited. Архивирано од изворникот на May 5, 2013. Посетено на August 10, 2010.
  46. Harris, Chris (May 1, 2008). „MTV review of the Roseland Ballroom Promo Concert“. MTV. Архивирано од изворникот на July 15, 2010. Посетено на May 11, 2010.
  47. „Britney and Justin Back Up Madonna – Separately“. TV Guide. November 7, 2008. Архивирано од изворникот на July 5, 2009. Посетено на November 7, 2008.
  48. „Jams Packed“. Entertainment Weekly. April 9, 2007. Архивирано од изворникот на August 19, 2007. Посетено на April 22, 2008.
  49. Shaheem Reid, Jayson Rodriguez (June 11, 2007). „Lil Wayne Plans His Own Leak“. MTV. Архивирано од изворникот на April 12, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  50. „Justin Timberlake working on 'Problem with Women'. CNN. Архивирано од изворникот на April 10, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  51. „Justin Timberlake's New Single Lends a Hand to Charity“. TV Guide. November 20, 2008. Архивирано од изворникот на December 8, 2008. Посетено на November 21, 2008.
  52. „Ciara and Justin Timberlake Make 'Magic'. Rap-Up.com. February 19, 2009. Архивирано од изворникот на June 10, 2009. Посетено на January 2, 2010.
  53. W. Mills, Clifford (2012). Justin Timberlake. Info base Learning, 2012. ISBN 9781438141213. Посетено на March 20, 2015.
  54. „Justin Timberlake is featured on a track called 'Carry Out' on Timbaland's new LP, Timbaland Presents Shock Value II“. MTV. December 12, 2009. Архивирано од изворникот на December 15, 2009. Посетено на December 20, 2009.
  55. „Kutcher: Done with 'Punk'd' – really“. CNN. Архивирано од изворникот на September 10, 2007. Посетено на April 22, 2008.
  56. Празен навод (help)
  57. „QUICK TAKES; MTV plans to air more 'Punk'd'. Los Angeles Times. June 24, 2003. Архивирано од изворникот на June 18, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  58. „Timberlake Punks Ashton on SNL“. Teen Hollywood. Архивирано од изворникот на June 18, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  59. Miller, James Andrew; Shales, Tom (September 5, 2014). „The Secrets Behind 'Dick in a Box' & More: Andy Samberg, Justin Timberlake on the Viral Hits of 'SNL'. Billboard. Архивирано од изворникот July 5, 2015. Посетено на July 2, 2015.
  60. Corcoran, Monica (December 28, 2003). „Boîte; Where's Timberlake?“. The New York Times. Архивирано од изворникот на December 19, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  61. „Pecan Pie Recipe From Justin Timberlake's Granny Sadie“. ABC News. Архивирано од изворникот на June 17, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  62. Freydkin, Donna (October 13, 2006). „Timberlake's gear on racks, runway“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 9, 2008. Посетено на April 22, 2008.
  63. „Not Just a Pretty Face“. entrepreneur.com. November 17, 2008. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  64. „Justin Timberlake's Fashion Line Coming to Target“. Billboard. September 14, 2009. Архивирано од изворникот February 18, 2013. Посетено на September 6, 2010.
  65. „Peyton Manning, Justin Timberlake And Others in New Sony Commercial/“. Sonyinsider.com. Архивирано од изворникот на December 7, 2009. Посетено на December 21, 2009.
  66. Bullock, Maggie (August 27, 2009). „Justin Timberlake for Givenchy Fragrance“. Elle. Архивирано од изворникот на August 30, 2009.
  67. „Audi Picks Justin Timberlake As New Brand Ambassador“. December 16, 2009. Архивирано од изворникот на January 3, 2013. Посетено на December 19, 2009.
  68. Szalai, Georg (January 24, 2012). „Justin Timberlake, Golf Equipment Maker Callaway to Launch New Ad Campaign“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на February 6, 2015. Посетено на December 18, 2014.
  69. Празен навод (help)
  70. „Justin Timberlake reopens eco-friendly course in Memphis“. Golf Magazine. September 10, 2010. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  71. „Justin Timberlake's Charity Work, Events and Causes“. Looktothestars.org. Архивирано од изворникот на February 1, 2010. Посетено на January 2, 2010.
  72. „Justin Timberlake“. Askmen.com. April 22, 2008. Архивирано од изворникот на May 12, 2007.
  73. „Justin Timberlake donates $100k to Australia Zoo“. October 28, 2007. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 17, 2014.
  74. Mock, Janet (April 24, 2008). „Justin Timberlake Donates $200,000 to His Hometown“. People. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  75. „Timberlake to host PGA Tour's Las Vegas event in '08“. ESPN. November 12, 2007. Архивирано од изворникот на November 14, 2007. Посетено на November 13, 2007.
  76. "Justin Timberlake to host Las Vegas PGA TOUR event in 2008". Соопштение за печат.
  77. „The Celebrity Impact Rankings“. The Daily Beast. December 16, 2009. Архивирано од изворникот на December 18, 2014. Посетено на December 18, 2014.
  78. Smith, Sean (October 4, 2005). Justin: The Unauthorized Biography. Pocket Books. ISBN 1-4165-0773-6.
  79. „Timberlake, Diaz announce that they've split“. The Hollywood Reporter. Associated Press. January 12, 2007.
  80. Fowler, Bella (December 1, 2019). „Inside Justin Timberlake and Jessica Biel's 2011 split“. News.com.au.
  81. VINEYARD, JENNIFER (January 11, 2007). „JUSTIN TIMBERLAKE, CAMERON DIAZ OFFICIALLY ANNOUNCE BREAKUP“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2021-06-03. Посетено на 2024-01-30.
  82. „Justin Timberlake, Jessica Biel Engaged: Singer, Actress To Marry (Report)“. HuffPost. January 4, 2012. Архивирано од изворникот на September 24, 2015.
  83. Donnelly, Matt (October 19, 2012). „Justin Timberlake-Jessica Biel wedding: 'It's great to be married'. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на October 20, 2012.
  84. Deerwester, Jayme (April 11, 2015). „Timberlake, Biel welcome son Silas“. USA Today.
  85. Leon, Anya (April 11, 2015). „Justin Timberlake and Jessica Biel Welcome Son Silas Randall“. People. Архивирано од изворникот на April 11, 2015.
  86. Gifford, Storm (September 25, 2020). „Justin Timberlake and Jessica Biel welcome secret 2nd child, says Lance Bass“. New York Daily News.
  87. Wong, Curtis M. (January 18, 2021). „Justin Timberlake Reveals He And Jessica Biel Welcomed A New Son, Phineas“. HuffPost.
  88. Caamano, Andrea (January 18, 2021). „Justin Timberlake confirms second son's unique name – six months after his birth“. Hello!.
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Надворешни врски


Претходник
Sarah Michelle Gellar and Jack Black
MTV Movie Awards host
2003 (with Seann William Scott)
Наследник
Lindsay Lohan
Претходник
Sacha Baron Cohen (as Borat)
MTV Europe Music Awards host
2006
Наследник
Snoop Dogg

Read other articles:

Margaret of ParmaPermaisuri keadipatian FirenzeTenure18 Januari 1536 – 6 Januari 1537Permaisuri keadipatian ParmaTenure10 September 1547 – 18 Januari 1586Permaisuri keadipatian PiacenzaTenure1556 – 18 Januari 1586Informasi pribadiKelahiran(1522-07-05)5 Juli 1522OudenaardeKematian18 Januari 1586(1586-01-18) (umur 63)OrtonaAyahCharles V, Kaisar Romawi SuciIbuJohanna Maria van der GheynstPasanganAlessandro, Adipati FirenzeOttavio, Adipati ParmaAnakCharles FarneseAlexander Farnese, Adi...

 

Cocktail composed of Campari, sweet vermouth, and club soda AmericanoIBA official cocktailTypeMixed drinkBase spirit Vermouth Campari ServedOn the rocks: poured over iceStandard garnishhalf an orange slice, lemon twistStandard drinkware Old fashioned glassIBA specifiedingredients† 3 cl Campari 3 cl sweet red vermouth A splash of soda water PreparationPour the Campari and vermouth over ice into an old fashioned glass, add a splash of soda water and garnish with half orange slice and a lemon ...

 

United States historic placeFort LeatonU.S. National Register of Historic PlacesTexas State Historic Site Fort LeatonFort LeatonShow map of TexasFort LeatonShow map of the United StatesLocationPresidio County, TexasNearest cityPresidio, TexasCoordinates29°32′33″N 104°19′35″W / 29.54250°N 104.32639°W / 29.54250; -104.32639Area23.4 acres (9.5 ha)Built1848Built byBenjamin LeatonWebsitetpwd.texas.gov/state-parks/fort-leatonNRHP reference No.73001...

معالي الشريف  رالف داريندورف (بالألمانية: Ralf Dahrendorf)‏    معلومات شخصية الميلاد 1 مايو 1929[1][2][3][4][5][6][7]  هامبورغ[8]  الوفاة 17 يونيو 2009 (80 سنة) [9][2][3][4][5][7]  كولونيا  سبب الوفاة سرطان  مواطنة المملكة المتح

 

Señorita Panamá 2018 Fecha 7 de junio de 2018Presentador Massiel Rodríguez, Sheldry Sáez & Keity DrennanEntretenimiento Las Bambitches, SomosLove & Mr. SaikRecinto sede Arena Roberto Durán , Ciudad de Panamá, PanamáEmitido por Telemetro, Oye TVCandidatas 20Clasificación 10Ganadora Rosa Iveth Montezuma Montero (Comarcas)[1]​Traje nacional Diana Lemos (Isla San José)Simpatía Gloribeth Saavedra (Barro Colorado)Fotogénica Rosa Iveth Montezuma (Comarcas)Cronología Señori...

 

2014 song by Kanika Kapoor and Meet Bros from Ragini MMS 2 Baby DollSong by Kanika Kapoor, Meet Bros Anjjan, Kunal Avantifrom the album Ragini MMS 2 Language Punjabi Hindi Released14 February 2014 (2014-02-14)Genre Hip hop Bhangra Filmi Length3:33LabelT-SeriesComposer(s)Meet Bros AnjjanLyricist(s)KumaarMusic videoBaby Doll on YouTube Baby Doll is a Punjabi song by Indian Bollywood playback singer Kanika Kapoor for the Bollywood movie Ragini MMS 2. On the cover, the lead actress...

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Oktober 2016. Industri fashion pria dan budaya konsumerisme sangat terkait dengan konsep pria metroseksual. Metroseksual adalah sebuah istilah baru, sebuah kata majemuk yang berasal dari paduan dua istilah: metropolitan dan heteroseksual. Istilah ini dipopulerkan pa...

 

Vodacom TanzaniaTypePublicTraded asDSE: VODAIndustryCommunications ServicesFoundedAugust 15, 2000; 23 years ago (2000-08-15)HeadquartersDar es Salaam, TanzaniaKey peopleJustice (rtd) Thomas MihayoChairman[1]Sitholizwe MdlaloseCEO and Managing Director[2]ProductsWireless: 3G HSDPA Data Card, 3G HSDPA USB Modem, Booster Card, VodaFASTA, VodaChoice, VodaJAZA, Toll-free, Corporate Talk, People's phone, Vodago, TSh Vouchers, Foreign Vouchers and Vodashops.Num...

 

Australian model (born 1991) Jesinta FranklinFranklin at the InStyle Awards in May 2015BornJesinta Campbell (1991-08-12) 12 August 1991 (age 32)Gold Coast, AustraliaHeight1.75 m (5 ft 9 in)[1]Spouse Lance Franklin ​(m. 2016)​Children2Beauty pageant titleholderTitleMiss Universe Australia 2010Hair colorBlondeEye colorBlueMajorcompetition(s)Miss Universe Australia 2010(Winner)Miss Universe 2010 (2nd Runner-Up)(Miss Congeniality) Jesinta F...

Railway line in the Klang Valley, Malaysia Kajang lineA Siemens Inspiro EMU stock designed by BMW Group Designworks leaving KG14 Semantan station.OverviewNative nameMRT Laluan KajangStatusFully operationalOwnerMRT CorpLine number9 (green)LocaleKlang ValleyTermini KG04  Kwasa Damansara KG35  KajangStations29 & 3 reservedWebsitemyrapid.com.myServiceTypeMass Rapid TransitSystem Rapid KLServicesKwasa Damansara–KajangOperator(s)Rapid RailDepot(s)Sungai Buloh Depot and Kaj...

 

1922 film Marie Antoinette, the Love of a KingGerman film posterGermanMarie Antoinette – Das Leben einer Königin Directed byRudolf MeinertWritten byRudolf MeinertProduced byRudolf MeinertStarringDiana KarenneMaria ReisenhoferGustav MayLudwig HartauCinematographyMax FassbenderErnest PlhakProductioncompanyMeinert FilmRelease date 27 October 1922 (1922-10-27) CountryWeimar RepublicLanguagesSilentGerman intertitles Marie Antoinette, the Love of a King (German: Marie Antoinette ...

 

Памятники истории и культуры местного значения города Астаны — отдельные постройки, здания и сооружения, некрополи, произведения монументального искусства, памятники археологии, включенные в Государственный список памятников истории и культуры местного значения г...

French writer (born 1973) Franck Thilliez (2009) Franck Thilliez (born 15 October 1973 in Annecy) is a French writer.[1] Thilliez was a computer engineer for a decade before he began writing.[2] His book La Chambre des morts was made into a film. Selected works La Chambre des morts (French Edition) (2005) Deuils De Miel (French Edition) (2010) La Memoire Fantome (French Edition) (2010) GATACA (Édition de Noyelles) (2011) Syndrome E: A Thriller (Viking Press, 2012) Bred to Kil...

 

Written works in the Greek language History of literatureby era Ancient (corpora) Bronze Age Sumerian Ancient Egyptian Akkadian Ugarit Hittite Classical Classical Chinese Aramaic Ancient Greek Ancient Hebrew Classical Latin Ancient Meitei Syriac Prakrit Tamil Sangam Classical Sanskrit Early Medieval Telugu Kannada New Persian Pali Armenian Byzantine Greek Welsh Old English Georgian Old German Japanese Old Turkic Arabic Norse Bulgarian Medieval by century 10th 11th 12th 13th 14th Early Modern ...

 

Flag of Yugoslavia and Serbia and Montenegro Not to be confused with Flag of Yugoslavia, Flag of Serbia, or Flag of Montenegro. Federal Republic of YugoslaviaState Union of Serbia and MontenegroNational flag of Serbia and Montenegro (2003–2006)UseNational flag Proportion1:2Adopted27 April 1992 (1992-04-27)[1]DesignThree equal horizontal bands, blue (top), white, and red UseCivil flag and ensign Proportion2:3Adopted27 April 1992 (1992-04-27)[2]De...

For the Britney Spears song, see Gimme More. This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Give Me More – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2018) (Learn how and when to remove this template message) 2012 single by Tara McDonaldGive Me MoreSingle by Tara McDonaldReleased2012 (2012)St...

 

District in Inner Mongolia, ChinaKangbashi District 康巴什区 • ᠬᠢᠶ᠎ᠠ ᠪᠠᠭᠰᠢ ᠳᠤᠭᠤᠷᠢᠭDistrictKangbashi BridgeKangbashiLocation in Inner MongoliaShow map of Inner MongoliaKangbashiKangbashi (China)Show map of ChinaCoordinates: 39°35′49″N 109°47′28″E / 39.597°N 109.791°E / 39.597; 109.791CountryChinaAutonomous regionInner MongoliaPrefecture-level cityOrdosDistrict seatBinhe SubdistrictArea • District352 km...

 

Yesus menyembuhkan orang dari Gadara. lukisan abad pertengahan Legion adalah nama sekelompok roh jahat yang merasuki seorang pria yang tinggal di Gadara, daerah Gerasa, dan kemudian diusir ke luar dari orang itu oleh Yesus Kristus menurut Perjanjian Baru Alkitab Kristen. Peristiwa ini dicatat dalam 3 Injil sinoptik dan menarik karena setelah melibatkan 2000 ekor lebih babi yang kemudian dirasuki roh-roh jahat yang ke luar itu sehingga terjun dari tebing ke dalam danau Galilea. Kejadiannya ada...

Eclipse parcial de luna19 de noviembre de 2021 Previo Eclipse | Eclipse total | Saros Posterior Eclipse | Eclipse total | Saros Eclipse lunar, Starkville, Misisipi, 9:03 UTC La Luna pasando de derecha a izquierda a través de la sombra de la Tierra. Gamma -0.4552 Magnitud 0.9742 Saros 126 (46 de 72) Duración (h:min:s) Parcial 03:28:23 Penumbra 19:12:20 Contactos P1 06:02:09 UTC U1 07:18:41 UTC Máximo 09:04:05 UTC U4 10:47:04 UTC P4 12:03:38 UTC Un eclipse lunar parcial ocurrió el 19 de no...

 

Verneusses Alministración País FranciaOrganización territorial Francia metropolitanaRexón NormandíaDepartamentu EureDistritu Distrito de Bernay (es) Cantón Cantón de Broglie (es) Tipu d'entidá comuña de FranciaNome oficial Verneusses (fr)[1]Códigu postal 27390XeografíaCoordenaes 48°54′10″N 0°27′01″E / 48.9028°N 0.4503°E / 48.9028; 0.4503 VerneussesVerneusses (Francia)Superficie 16.15 km²Llenda con Monnai, Saint-Germain-d'Aunay, Saint-Den...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!