Љупчо Јордановски (13 февруари 1953, Штип — 7 октомври 2010, Скопје, Македонија[1]) — македонски политичар, професор и сеизмолог, претседател на Партијата на слободни демократи и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.
Бил оженет и татко на три деца. Во 1975 станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет при Загребски универзитет. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Беше активен на политичката сцена во 2000-тите.
Академски звања
- 1998 — 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
- 1995 — 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ — Штип
- 1992 — 1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје.
- 1987 — 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје
- 1978 — 1987: асистент при ИЗИИС — Скопје
- 1982 — 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија
Политички ангажмани
Надворешни врски
Наводи