Шон Пол Локхарт |
---|
Локхарт во 2007 |
Роден(а) | 31 октомври 1986(1986-10-31) (38 г.) Луистон, Ајдахо, САД |
---|
Други имиња | Брент Кориган, Фокс Рајдер |
---|
Занимање | Глумец, директор |
---|
Активен период | 2004–сега |
---|
Партнер | ЏЏ Најт (2016–2017) |
---|
Страница [1] |
Шон Пол Локхарт (англиски: Sean Paul Lockhart, р. 31. октомври 1986 година во Луистон, Ајдахо, САД) е американски филмски актер и режисер.[2] Тој е познат по „Млеко“ (2008), „Бакнежот на Јуда“ (2011) и „Трипати прегазен“ (2013).
Локхарт ја започнал својата кариера како хомосексуален порнографски глумец. Најчесто го користел псевдонимот Брент Кориган (англиски: Brent Corrigan), освен во „Кадифената мафија“ (2006) и „Најдоброто од римското срце“ (2008) кога се појавил како Фокс Рајдер (англиски: Fox Ryder). Во 2010 година, го напуштил порнографскиот бизнис и се посветил на хомосексуални филмови и независни продукции како „Бакнежот на Јуда“, „Сестра Марија“, „Ново продолжение: Хомосексуалците полудеа!“ и „Добре дојде во Њујорк“, меѓу останатите. Во 2011 година, ја толкуваше главната улога во хорор-комедиската антологија „Чилерама“ во режија на Тим Саливан. Истата година ја доби наградата за Најнадежна Ѕвезда на Филаделфискиот QFest фестивал.
Во 2012 година, Локхарт објави дека ќе се појави во независниот филм „Вистина“ во режија на Роб Морети. Следната година тој ја режираше трилер-мистеријата „Трипати прегазен“. Во 2016 година, Локхарт се врати на хомосексуалната порнографија со „Длабоко ослободување“ во продукција на „Фалкон Студиос“.[3]
Наводи