Хорор-филм или филм на ужасите — киножанр, чија цел е да предизвика негативна емотивна реакција кај гледачите со манипулација на прималните стравови на публиката. Вдахнат од хорор-литературата преку автори како Едгар Алан По, Брам Стокер и Мери Шели, хорор-филмовите се појавуваат кон крајот на XIX век. Филмот на ужасите често има натприродни теми и може да се преклопува со фантастиката и трилерот.[1]