Шехзаде Ќазим (син на Ахмед I)

Шехзаде Ќазим
Гробницата на Шехзаде Ќазим се наоѓа во мавзолејот Мурад III, Света Софија во Истанбул.
Роден(а)1614
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)1 јануари 1638
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
Мавзолеј на Мурат III, Аја Софија
ТаткоАхмед I
МајкаКосем султан
Вероисповедислам

Шехзаде Ќазим (турски: Şehzade Kasım; роден во 1614 во Цариград – починал на 1 јануари 1638 година во Цариград) — отомански принц, син на султанот Ахмед I и неговата сопруга Косем султан.

Животопис

Ќазим се родил во 1614 година како трет син на отоманскиот султан Ахмед I и Косем султан. Негова сестра-близначка била Атике султан. По смртта на својот татко во 1617 година, кога тој имал три години и по стапувањето на престол на неговиот чичко Мустафа, тој заедно со неговите браќа бил ставен во кафез под постојан надзор од страна на евнусите на палатата[1][2], каде се задржал до доаѓањето на неговиот брат Мурат на престолот.

Според турскиот историчар Неџдет Сакаоглу, за време на хаотичното владеење на Мурад IV, Ќазим го криел и го штитил својот помлад брат Ибрахим во тајните делови на палатата прикажувајќи го како невин и неспособен[3].

Смрт

За време на прославите на османлиската победа во Ериван во 1635 година, неговите браќа Бајазит и Сулејман биле погубени, оставајќи го Ќазим како наследник на османлискиот престол.

На 17 февруари 1638 година, Ќазим бил преплашен да не предизвика сомнеж дека има претенции кон престолот. Така, тој бил целосно смирен кога се претставил пред Мурад за да му оддаде почит и да му посака успех во неговата експедиција за повторно освојување на Багдад[4]. Мурад ги прифатил желбите на Ќазим, а потоа истиот ден Мурад наредил негово погубување[5].

  1. Klaus Kreiser: Der osmanische Staat 1300–1922. München 2001, S. 1.
  2. John Freely: Inside the Seraglio: Private Lives of Sultans in Istanbul (Tauris Parke Paperbacks) Paperback – December 30, 2016.
  3. Sakaoglu, Necdet (2008). Bu Mulkun Kadin Sultanlari. Oglak. стр. 315–316. ISBN 978-9753297172.
  4. Freely, John (2001). Inside the Seraglio: Private Lives of the Sultans in Istanbul. Tauris Parke Paperbacks. стр. 141. ISBN 978-1784535353.
  5. Peirce 1993, стр. 259.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!