Четврта политичка теорија (руски: Четвертая политическая теория) — книга на рускиот политиколог и теоретичар Александар Дугин, објавена во 2009 г. Во неа, тој нуди сосема нова политичка идеологија која ја нарекува „четврта“ и за која тврди дека претставува надминување на трите досегашни теории: либерализмот, марксизмот и фашизмот.[1] Според западните медиуми, книгата послужила како инспирација за Граѓанската војна во Украина,[2] и современата крајна десница воопшто.[3]