Челепинските езера е назив за две леднички езера на Шар Планина. Се наоѓаат во близина на Челепинскиот извор на 2,250 m надморска висина.[1]
Прво Челепинско езеро
Првото Челепинско езеро (некои го викаат и големо) се наоѓа над Челепинскиот извор и има тркалест облик. Неговиот пречник е околу 60 метри. Длабоко е половина метар. Нема свои извори и се одржува од атмосферските талози. Кога не е сушна годината, тоа опстојува и преку лето, во спротивно пресушува.
Второ Челепинско езеро
Второто Челепинско езеро се наоѓа во близина на Првото Челепинско езеро и е оддалечено на само три минути. По обликот и големината е слично на Првото. карактеристично за ова езеро е што постепено се затрупува со нанос.[2].
Наводи