Свети Стилијан Пафлагонски Детепазител (грчки: Αγίου Στυλιανού) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата се наоѓа на територијата на Солунскиот универзитет, меѓу улиците „Егнатија“ и „Етники Амина“.[1] Камен-темелникот е поставен на 27 февруари 1938 г. Градежните работи се забавиле поради избувнувањето на Грчко-италијанската војна во 1940 г. На 27 декември 1943 г. е одржана првата свечена литургија.[3] Храмот е отворен на 26 ноември 1946 г. (денот на Свети Стилијан Пафлагонски) од митрополитот Генадиј Солунски.[1]
Храмот е дело на истакнатиот архитект Аристотелис Захос, а со изведбата раководел архитектот Орестис Хаѕиангелу. Црквата е крстокуполен храм во византиски стил. Живописан е од познатиот зограф Поликлитос Ренгос.[3] Главен покровител бил солунскиот адвокат Григориос Карипис, кој дал со 40.000 драхми и светогорските манастири, кои подариле 5.000 драхми.[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски