Поглед на црквата
Свети Никола — црква во селото Долно Оризари, Битолско. Сместена во јужниот дел од селото.
Од натписните плочи до влезот на црквата се забележува дека истата била изградена во 1930 година. Познато е дека била подигната на темели од 1860 година.[1]
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна, а од неговата десна страна има две натписни плочи со податоци за годината на изградба на црквата и лицата заслужни за нејзината изградба, како и врамена црно-бела икона на Света Петка. Внатрешноста не е зографисана и нема иконостас, а наместо тоа има закачени икони со различна големина пред олтарот.
Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над помошниот објект.