Поглед на црквата
Света Петка — главна селска црква во битолското село Долно Егри, Македонија.
Црквата се наоѓа во самото село, иако денес скоро и да нема останати остатоци од некогашното село.[1]
Таа претставува гробишен храм, сместена на јужниот крај на селото.[2]
Храмот е подигнат во XIX век,[2] односно пред самиот крај на турското владение (истата година кога е подигната и црквата во Оптичари). Претходно на тоа место немало црква.[1]
Во 2013 година, сета црква заедно со камбанаријата изгорела во пожар предизвикан од запалените стрништа во околината.[3][4]
Во 2016 година црквата врз црквата се вршени одредени зафати со што бил спасен нејзиниот фрескоживопис.[5] Забележлив е променетиот покрив во 2023 година.
Храмот поседува живопис, кој го добил во XIX век.[2]