Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во средината на XIX век. Претставува трикорабнабазилика со димензии од 14 × 9 м.[2] На исток има една полукружна апсида. На северниот крај на тремот има четириаголна кула изградена во 1955 г.
Внатрешноста на црквата е нова. Храмот е уништен во пожар во 2000 г. и подоцна обновен. Уништени се галеријата на западниот ѕид, дрвените тавани, фреските, иконостасот со икони на кулакиски мајстори, владичкиот престол, амвонот и проскинитарите. Над јужниот влез, обликуван со камен околувратник, има траги од фреска на покровителите, апостолите Петар и Павле. Околу вратата има и траги од фрески кој покажува дека западниот и јужниот ѕид биле живописани до висина на галеријата.[1]
Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]