Поглед кон црквата
Свети Апостоли Петар и Павле е главната градска црква во Кичево.[1] Според податоците, таа е изградена на почетокот на дваесеттиот век, но на темели од постара црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75 година, кога го добива денешниот изглед. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26 година. Во понов период, поради настанатите потреби, изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна трпезарија, крстилница и административни простории за свештениците. Црквата е главна парохиска црква на Првата кичевска парохија. По повод 100 години од изградбата на црквата, во 2010 година била издадена монографија со наслов „Црква на светите апостоли Петар и Павле во Кичево“ од страна на Сашо Цветковски. Исто така, тогаш е осветен новиот иконостас, изработен по повод јубилејот на храмот.