Свети Петар и Павле (грчки: Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква кај селото Врежот, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Ова е црква на стар манастир, обновена во XX век. Сместена е на 600 м источно од селото. Во храмот се чуваат 12 вредни икони и царските двери од стариот оригинален иконостас од XIX век.[1]
Поврзано
Наводи