Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сретсело, при што доминира во селото.
Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото.
Местоположба
Црквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.[1]
Историја
Црквата е изградена во XIX век.[1]
Градба
На градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.[1]
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата располага со богат фрескоживопис.[1]
Фрескоживописот исто така потекнува од периодот на изградба на црквата во XIX век.[1]
Икони и иконостас
Црквата поседува иконостас, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено.[1]
Галерија
- Надворешноста на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Влезот на црквата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Селските гробишта
- Внатрешноста на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски