Поглед на црквичката
Свети Никола — мала православна црквичка на падините на Водно, веднаш до патот што води за селото Горно Нерези.[1]
Црквата долго време била запуштена. Денес за неа се грижи жител на населбата Козле. Црковниот патронат се слави на 19 декември на Свети Никола Зимски, кога е присутен и свештеник од црквата „Св. Јован Крстител“ од Капиштец. Црквата неколкупати била ограбувана.[2]