Св. Наум Охридски — црква во центарот на градот Битола. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.[1]
Црквата е метох на манастирот „Свети Наум“ во Охридско. Се наоѓа на ул. „Христо Христов“ бр. 15, спроти училиштето „Таки Даскало“ и зад Управата за јавни приходи. Се вбројува меѓу важните култни места во градот. Претставува првично станбен објект порадарен на манастирот во 1931 година и претворен во црква.[1] Иконостасот е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски, изработен во 1960 г.[2]
|coauthors=
|author=