Свети Константин и Елена (грчки: Ιερός Ναός Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во селото Какараска, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Храмот се наоѓа во центарот на селото. Почнал да се гради во 1933 г. со трудот на жителите. Отворен е во 1938 г. од митрополитот Константин Серски. Градбата претставува базилика. Внатрешноста е живописана со фрески.[1]