Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Фраштани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1939 г., за што свдочи натпис на мермерна плоча. Осветена е во 1967 г. Градбата претставува крстовиден храм со припрата и две камбанарии на запад. Внатрешноста е живописана со фрески.[1]
Во парохијата влегува и храмот „Успение на пресв. Богородица“.[1]