Свети Атанасиј (позната и како Свети Атанас) — поствизантиска црква во селото Стење, сместена на некогашната местоположба на селото. Се претпоставува дека потекнува од XVI век.
Се наоѓа на 1 километар југоисточно од селото. Во неа е сочуван дел од живописот.[1]
Претпоставка
Се претпоставува дека селото Стење не се наоѓало секогаш на моменталната местоположба, туку дека порано се наоѓало во месноста „Св. Атанас“ (зад стените) на околу 1,5 километар јужно од денешната местоположба на селото. Не се знае годината кога се случила преселбата, додека како причина се наведува поплавувањето од надојдените води на езерото.[2]
Можно е денешната стара црква „Св. Атанас“ да била единствената селска црква, која останала единствена градба по преселбата на селото.