Поглед на црквата
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во близина на демирхисарското село Ново Село. Црквата се наоѓа на неколку стотина метри северозападно од селото, на возвишение коешто ѝ овозможува доминантна местоположба.
На околу 100 метри над црквата се наоѓа археолошкото наоѓалиште Над Црквата, каде се откриени темели на средновековна црква, ѕидана со камен и варов малтер.[1]