Свети Јован Крстител — главна селска црква во штипското село Горни Балван , Македонија .[ 1]
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена во самото село, веднаш по последните селски куќи.
Историја
Црквата била подигната и осветена во XIX век. Нема податоци од кого е осветена.[ 2]
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата е фрескоживописана во 1878 година. Нема податок чие дело бил фрескоживописот.[ 2]
Единствено има сознанија дека во нејзе работеле претставниците на Дебарската школа, Исаија и Кузман Фрчковски .
[ 3]
Иконостас
Црквата поседува иконостас, а иконите во него се од истиот период како и самата црква. Нема податоци чие дело се насликаните икони.[ 2]
Во 1896 година, икони за храмот насликал и Данаил Штипјанецот .[ 4]
Галерија
Поврзано
Наводи
↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија . Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7 .
↑ 2,0 2,1 2,2 „Горнобалванска парохија“ . Брегалничка епархија . Архивирано од изворникот на 2021-02-06. Посетено на 2021-01-27 .
↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители . Софија: Наука и изкуство. стр. 217.
↑ Гергова, Иванка (2010). „Зограф Данаил Штипјанецот“ (PDF) . Патримониум . 7–8 : 420. Посетено на 2021-01-27 .
Надворешни врски