Поглед на црквата
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Логоварди, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа источно од селото.[2]
Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Храмот бил изграден во средината на XIX век, на нива која била подарена од родот Зафировци. Претходно на местото немало никакви старини.[2]
Кога селото немало своја црква, мештаните оделе во соседното село Поешево.[2]
Црквата била зографисана во XIX век.[3]