Поглед на црквата
Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на средновековниот Кнежински манастир во селото Кнежино.[1]
Црквата е сместена во средишниот дел на самиот манастир, кој се наоѓа пред самото село Кнежино.
Се верува дека манастирската црква најпрвин била изградена во XII или XIII век. Подоцна, таа црква била срушена во 1736 година во времето на Австро-отоманските војни.[2]
Во 1973 година била подигната мала црквичка како привремено решение. Истата подоцна била срушена, бидејќи на нејзините темели се наоѓа самото археолошко наоѓалиште на стариот манастир, што е потврдено со спроведените археолошки ископувања.[2]
Денешната манастирска црква била започната во 1999 година, а истата била осветена во 2007 година.[2]