Црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Зелениково
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — македонски православен храм во селото Зелениково, поточно во населбата Станица Зелениково[1]. Црквата е сместена на врвот на ридот веднаш над селото, над последните куќи и училиштето Марко Цепенков, веднаш од десната страна на патот кој води кон селото Градовци. Во рамките на црквата има и трпезарија и маси на кои се раздава храната на црковните собори, а исто така има и гробишта.