41°34′09.4″N 22°03′12.9″E / 41.569278°N 22.053583°E / 41.569278; 22.053583
Центар за воена обука „Криволак“, понекогаш се среќава и како Воен полигон „Криволак“ претставува регионален тренинг центар на Армијата на Република Македонија сместен во близина на Неготино, централен дел на Македонија. Неговата површина изнесува 22.546 хектари и важи за еден од најголемите полигони во Југоисточна Европа. Официјално бил пуштен во употреба во 1970 година и служел за потребите на Југословенската народна армија.