Хуан Дијаз де Солис ( 1470 - 20 јануари 1516) бил морепловец и истражувач од 16 век. Се смета за првиот Европеец кој пристигнал во земјата која денес се вика Уругвај.
Животопис
Постојат несогласувања околу неговото потекло. Еден документ покажува дека бил Португалец во служба на Шпанија. Други документи тврдат дека е роден во Лебриха, провинција на Севиља во Шпанија, а поморската кариера ја започнал во Португалија како пилот во португалско-индиска армада. Откако си заминал од дома и од бродот на кој требало да биде пилот, заминал на кратко да служи како корсар во Француските флоти, а подоцна ѝ служел на Шпанската монархија.[2]
Бил навигатор на експедициите во Јукатан, во 1506—1507[3] година и во Бразил 1508 година со Висенте Јањез Пинзон. Станал пилот-мајор на Шпанија во 1512 година по смртта на Америго Веспучи,[4] и потоа бил одреден да работи со Хуан Веспучи на Падрон Реал.[5][6]
Две години откако бил назначен на оваа должност, Дијаз де Солис подготвил експедиција која имала за цел да ги истражува јужните делови на американскиот континент. Неговите три брода и екипажот од 70 луѓе ја започнале пловидбата од Санлукар де Барамеда на 8 октомври 1515 година. Пловеле крај источниот брег на јужна Америка кон југ до естуарот Рио де ла Плата. Дијаз де Солис го именувал естуарот Рио де ла Плата во 1516 година, пловејќи до утоката на Уругвај и Парана со двајца официри и седум членови на екипажот. Биле нападнати од локалните Чаруа Индијанци, кои биле канибали. Членовите на екипажот кои преживеале кажале дека Дијаз де Солис и останатите биле изедени од Чаруа. Неговиот зет, Франциско де Торес, ја презел командата со бродовите и наредил да се вратат во Шпанија.
Наводи
- ↑ Medina, José Toribio: Juan Díaz de Solís. Estudio Histórico, Santiago de Chile : J.T. Medina, 1897
- ↑ Brevoort, James Carson (1873). "Notes on Giovanni da Verrazano and on a Planisphere of 1529, Illustrating His American Voyage in 1524, with a Reduced Copy of the Map". Journal of the American Geographical Society of New York 4: 145–297. JSTOR 196400.
- ↑ Hall, Elial F.: "Americus Vespucius", Journal of the American Geographical Society of New York, Vol. 24. (1892). стр. 376. [1]
- ↑ Archivo General de Indias,, "Comisión a Juan Díaz de Solís y Juan Vespucci", ES.41091.AGI/16404.46.5.1//CONTRATACION,5784,L.1,F.20-21.
- ↑ Stevenson, Edward L.: "The Geographical Activities of the Casa de la Contratacion", Annals of the Association of American Geographers, Vol. 17, No. 2. (Jun., 1927). стр. 39-59.
Литература
Надворешни врски