Холандски Антили (холандски: Nederlandse Antillen, папијаменто: Antia Hulandes[2]) — автономна составна земја на Кралството Холандија. Оваа автономна држава била составена од две групи острови, едните составени од Аруба, Курасао и Бонер во близина на Венецуела, а другата група составена од Саба, Свети Мартин и Свети Евстахиј во близина на Свети Кристофер и Невис.
Холандските Антили почнале да се распаѓаат во 1986 година, кога Аруба излегла од федерацијата и станала посебна автономна држава во рамките на Кралството. На 10 октомври 2010 Холандските Антили целосно се распаднале и денес Кралството е составено од четири уставни држави и три јавни тела, нешто слично како специјални општини. Уставните држави се: Аруба, Курасао, Холандија и Свети Мартин, додека специјални општини се: Бонер, Саба и Свети Евстахиј кои се нарекуваат со заедничкото име Карипска Холандија.[3]
Наводи
Користена литература
- Borman, C. (2005) Het Statuut voor het Koninkrijk, Deventer: Kluwer.
- Oostindie, G. and Klinkers, I. (2001) Het Koninkrijk inde Caraïben: een korte geschiedenis van het Nederlandse dekolonisatiebeleid 1940-2000. Amsterdam: Amsterdam University Press.
Поврзано
Надворешни врски
- Влада
- Општо