Хијака (хавајски: Hiʻiaka) — поголемата надворешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по божицата Хијака, една од ќерките на Хаумеја и заштитничка на Големиот Остров на Хаваите. Прави едно свртување за 49,12 ± 0,03 дена, при растојание од 49.880 ± 198 км. Има занесеност од 0,0513 ± 0,0078 и наклон од 126,356 ± 0,064. Претпоставувајќи дека има пречник од 300 км, таа е четврта или петта по големина месечина на заднептунско тело, по Харон, Дисномија (месечина), Вант, многу веројатно Илмаре/Варда, а можеби и Актеја.
Откривање
Ова е првата откриена месечина на Хаумеја, забележана на 26 јануари 2005 г. Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Рудолф“ по еден од елените на Дедо Мраз.
Физички особености
Големина и сјајност
Хијака има измерена сјајност од 5,9 ± 0,5 %, што значи дека има пречник 22 % од џуџестата планета, односно околу 320 км, претпоставувајќи слично инфрацрвено албедо.[1] За споредба, кога Хијака би била во астероидниот појас, таа би била поголема од сите освен четирите најголеми астероиди (1 Церера, 2 Палада, 4 Веста и 10 Хигија). И покрај нејзината големина, проучувањата на нејзината светлинска крива укажуваат дека Хијака не е гравитациски сплеснат сфероид; they further suggest that Хијака не е во гравитациски зафат и има вртежен период од околу 9,8 часа.[2]
Маса
Масата на Хијака се проценува на (1,79 ± 0,11)⋅1019 кг користејќи прецизна релативна астрометрија од вселенските телескопи „Хабл“ и „Кек“, и применувајќи го трителесниотмасеноточкест модел врз Хаумеиниот систем.[1]
Спектар и состав
Во близуинфрацрвениот спектар на Хијака преовладуваат впивни појаси кои упатуваат на површина сочинета од замрзната вода во кристален облик. Засега не е познато зошто мразот не добил аморфен облик, што би се очекувало поради постојаното дејство на космичките зраци.[4]