Хатунџук(лар) џамија или Хатунџик(лар) џамија (во превод: „Џамија на Малата госпоѓица/дама“[1]) — стара османлиска џамија во Скопје. Му припаѓа на Скопското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]
Местоположба
Џамијата е сместена во населбата Чаир, спроти Јаја-пашината џамија на улицата „Чаирска“.
Историја
Залуван е дел од вакафнамето на џамијата, кое се датира на 31 март 1511 г. (917 година по исламскиот календар). Нејзина ктиторка била Хани Хатун, ќерката на скопскиот управник Јаја-паша.[3][4]
Џамијата многу настрадала во Скопскиот земјотрес од 1963 г. Натписот од вградената чешма во нејзината ограда, која даира од 1811 година, е пренесен во Музејот на Град Скопје.[5]
Храмот е обновен и свечено отворен 4 мај 2008 г. во присуство на тогашниот турски претседател Абдула Ѓул.[6]
Турбе
Во дворот на џамијата се наоѓало старо турбе во кое најверојатно била погребана ктиторката Хани Хатун. Било шестаголно, од отворен тип, со купола на осумаоглен тамбур. Било урнато во земјотресот од 1963 г. и не е обновено.[7]
Поврзано
Наводи