Музеј на Град СкопјеЛого на Музејот на Град Скопје |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Поранешно име | Народен музеј на Град Скопје |
---|
Основан | 1949 |
---|
Место | Скопје, Македонија |
---|
Тип | градски |
---|
Збирки/Одделенија | Археолошко. Историско. Етнолошко, Историја на уметност. Архитектура урбанизам и дизајн, Едукација, Фотографија, видео и дигитализација |
---|
Фонд | 21.950 |
---|
Сопственик | Град Скопје |
---|
Музеј на Град Скопје (МГС) — музеј на градот Скопје сместен во центарот на градот. Основан во 1949 г.[1], а од 1970 г. Музејот е сместен во пренаменетиот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во скопскиот земјотрес од 1963 г. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор.
Оттогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, уметничката историја на подрачјето на Град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и неговата јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по повеќе одделенија: археологија, историја, етнологија, историја на уметноста, архитектура, урбанизам и дизајн, едукација, фотографија, видео и дигитализација, а работи и музејска библиотека[2]. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на јапонска графика укијо-е. Во 1991 г. Љубомир Белогаски му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на Град Скопје што го носи името на дарителот Љубомир Белогаски и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.
„Прошетка низ минатото“ е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. „Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ“ отворено во 1994 г. кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за „Историјата на старата скопска чаршија“. „Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“ и „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“.
Старата железничка станица во која се наоѓа музејот е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[3]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
41°59′27″N 21°25′46″E / 41.99083° СГШ; 21.42944° ИГД / 41.99083; 21.42944