Хари Потер и Каменот на мудроста

Хари Потер и Каменот на мудроста
Македонска корица на оваа книга
Издание на Култура, 2001 год.
АвторЏ. К. Роулинг
Изворен насловHarry Potter and the Philosopher's Stone
ПреведувачКултура: Благородна Богеска-Анчевска
Арс Ламина: Владимир Стојановски
Илустратор Томас Тејлор
Мери ГрандПри
ЗемјаОбединетото Кралство
ЈазикАнглиски
СеријалХари Потер
ЖанрФантазија
Издавач Bloomsbury
Scholastic
Култура; Арс Ламина
Издадена
30 јуни 1997
1 септември 1998
2 август 2001; 28 март 2020
Страници 223
309
262; 245
ISBN978-608-259-755-3
СледнаХари Потер и Одајата на тајните 

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone) е првиот роман од Хари Потер серијалот напишан од Џ. К. Роулинг и го прикажува Хари Потер, млад волшебник. Опишува како Хари открива дека е волшебник, се здобива со неколку пријатели и непријатели во Хогвортс училиштето за магии и волшебништво и со помош на своите пријатели го спречува повраќањето на лошиот волшебник Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари, а се обидел да го убие и Хари кога тој имал само една година.

Оваа книга е издадена на 30 јуни, 1997 од Bloomsbury во Лондон, а во САД под името Harry Potter and the Sorcerer's Stone од Scholastic Corporation во 1998. Ги има освоено поголем дел од наградите во Обединетото Кралство, кои се судени од деца, а и неколку други награди во САД. Книгата го има достигнато врвот на списокот за најпродавани фиктивни дела на New York Times во август 1999 година и останува близу врвот на тој список во поголем дел од 1999 и 2000. Преведен е на неколку останати јазици и е направен во истоимен долгометражен филм.

Повеќето критични прегледи биле поволни, коментирајќи на Роулинговата имагинација, хумор, едноставност, директен стил и паметната конструкција на заплетот, иако неколку се пожалиле дека последните глави изгледале избрзани. Пишувањето е споредувано со тоа на Џејн Остин, една од омилените писателки на Роулинг, со тоа на Роалд Дал, чии дела доминираат во детските приказни пред појавувањето на Хари Потер, и со тоа на античкиот грчки раскажувач на приказни Хомер. Додека некои коментатори сметаат дека книгата гледа наназад на викторијанските и едвардијански приказни за интернати, други пак сметаат дека жанрот е цврсто сместен во модерниот свет со обработување на етички и општествени прашања.

Хари Потер и Каменот на мудроста, заедно со останатиот дел од Хари Потер серијалот, е нападнат од неколку религиозни групи и забранет во некои држави поради оптужувањата дека романите промовираат вештерство. Сепак, некои христијански коментатори имаат напишано дека книгата илустрира важни христијански гледишта, вклучувајќи ја моќта на саможртвувањето и начините на кои човековите одлуки ги обликуваат нивните карактери. Педагози го гледаат Хари Потер и Каменот на мудроста и неговите продолженија како значајни помагала во подобрувањето на писменоста поради популарноста на книгите. Серијата е исто така искористена како извор на предметни поуки во образовни техники, социолошки анализи и маркетинг.

Посвета

За Џесика, која сака приказни;

за Ен, која ги сакаше приказните исто така;

и за Даj, која ја слушна оваа приказна прва.

Книгата е посветена на три женски роднини на авторката: Џесика е нејзината најстара ќерка, Ен беше нејзината мајка која умре од мултипла склероза, а Даj е нејзината сестра.

Заплет

Веднаш пред започнувањето на книгата, Волдеморт, најмоќниот зол волшебник од кога паметат волшебниците, ги убил родителите на Хари, но мистериозно исчезнал откога не успеал да го убие Хари. Додека волшебничкиот свет го слави падот на Волдеморт, професорот Дамблдор, професорката МекГонагал и Хагрид го сместуваат едногодишното сираче под грижа на неговите безтални (неволшебнички) тетка и тетин, Вернон и Петунија Дарсли.

Десет години, тие и нивниот син Дадли го третираат Хари како најлош вид слуга. Кусо време пред единаесеттиот роденден на Хари, серија од писма пристигнува, адресирани до Хари, но уништени од неговиот тетин пред Хари да може да ги прочита. Како резултат на тоа, дожд од писма паѓа во куќата низ секој отвор, колку и да е малечок тој, и за да го избегне ова, Вернон Дарсли ја носи својата фамилија на осамен остров. Додека тие се сместуваат таму, Хагрид влегува преку вратата и му го кажува на Хари тоа што Дарслиеви го криеле од него: Хари е волшебник и е прифатен како ученик во Хогвортс за таа учебна година.

Хагрид го носи Хари во Дијагон Алејата, магичен предел за шопинг во Лондон, каде Хари сосема е збунет кога открива дека е познат помеѓу волшебниците и вештерките како „момчето што преживеа“. Тој исто така дознава дека во волшебничкиот свет е прилично богат, затоа што дел од богатството на неговите родители останало на депозит во банката Гринготс. Воден од страна на Хагрид, тој ги купува книгите и опремата што му е потребна за Хогвортс – и открива дека единственото стапче што му одговара нему е всушност близнакот на онаа на Волдеморт.

Месец подоцна, Хари го напушта домот на Дарслиеви за да го фати Хогвортс Експрес од железничката станица Кингс Крос. Таму тој се запознава со фамилијата Визли, која му покажува како да помине преку магичниот ѕид до Перонот 9¾, каде што чека возот. Додека е на возот Хари се спријателува со Рон Визли, кој му кажува дека некој пробал да ограби трезор во Гринготс. И друг нов ученик, Драко Малфој, придружуван од неговите дебели телохранители Креб и Гојл, се понудува да го советува Хари, но на Хари не му се допаѓаат ароганцијата и предрасудите на Драко.

Пред првата вечера во училиштето во Големата Сала, новите ученици се распределуваат во домови со помош на Сортирачката Капа. Капата ги распределува поголемиот број од учениците брзо – посебно кога ги прати Драко, Креб и Гојл во Слитерин – но има телепатска дискусија со Хари за тоа дали амбициите на момчето го прават Слитерин најдобриот избор за него. Кога Хари тивко, но жестоко се спротивставува, Капата го праќа да им се придружи на Визлиеви во Грифиндор. Додека Хари се опушта после вечерата, професорот Снејп го погледнува и тој почувствува како болка го пронижува во лузната на челото, која му ја оставил Волдеморт.

После трауматичен прв час по Напивки со Снејп, Хари и Рон го посетуваат Хагрид, кој живее во селска куќа на работ од Забранетата Шума. Таму тие дознаваат дека обидот за грабеж во Гринготс се случил во времето кога Хари подигал пари, и Хари се сеќава дека Хагрид ја напушта банката со мал пакет.

За време на првиот час за новите ученици по летање, Невил Лонгботом си го скршува зглобот и Драко си зема за право да го фрли Запаметкото на кревкиот Невил високо во воздух. Хари го брка на својата метла, го фаќа Запаметкото само на неколку инчи од земјата. Професорката МекГонагал излегува надвор и го назначува за нов Трагач на Грифиндор.

Драко ги намамува Рон и Хари на полноќна екскурзија, а Невил и заповедничката Хермиона Гренџер го придружуваат парот за да го држат подалеку од неволји. Сите четворица по несреќа влегуваат во забранет ходник и наоѓаат соба во која има огромно триглаво куче. Групата забрзано се повлекува, и само Хермиона забележува дека кучето стои врз врата во подот. Хари заклучува дека чудовиштето го чува пакетот што Хагрид го подигна од Гринготс.

Откако Рон ја критикува покажаното сезнаење на Хермиона на Волшебства, таа се крие и плаче во женскиот тоалет. Професорот Квирл известува дека трол влегол во занданите. Додека сите други ја евакуираат зградата, Хари и Рон брзаат да ја предупредат Хермиона. Тролот ја фаќа на тесно Хермиона во тоалетот но, додека Хари го прободува со своето стапче во носот, Рон го нокаутира тролот со неговата сопствена ластегарка, употребувајќи ја магијата за левитација што Хермиона ја демонстрираше на Волшебства. Кога неколку професори доаѓаат, Хермиона ја презема вината за борбата и станува блиска пријателка со двете момчиња.

Вечерта пред првиот квидич меч на Хари, тој го гледа Снејп како добива медицинска грижа од страна на Филч поради гризнување од страна на триглавото куче. За време на играта, метлата на Хари излегува од контрола, загрозувајќи го неговиот живот, а Хермиона забележува дека Снејп зјапа во Хари и мрмори нешто. Таа трча брзо до местото на професорот, соборувајќи го по пат професорот Квирл, и ја запалува мантијата на Снејп. Хари ја повраќа контролата врз метлата и го фаќа Златниот Скривач, извојувајќи победа за Грифиндор. Хагрид одбива да поверува дека Снејп бил одговорен за опасноста на Хари, но му се испушта дека тој го купил триглавото куче, и дека чудовиштето чува тајна што им припаѓа на професорот Дамблдор и некој човек наречен Николас Фламел.

Хари и Визлиеви остануваат во Хогвортс за Божиќ, и еден од подароците на Хари, од анонимен праќач, е Невидливата Наметка. Хари ја употребува Наметката за да бара во библиотеката во Ограничениот Оддел, информации за мистериозниот Фламел, мора да ги избегне Снејп и Филч откако маѓепсана книга вреска, и се пикнува во соба во која се наоѓа Огледалото на Ерисед, кое ги покажува неговите родители и неколку од неговите предци. Хари станува зависен од визиите на Огледалото и е спасен од професор Дамблдор, кој му објаснува дека Огледалото му покажува на гледачот онаа по што најочајнички копнее.

Кога останатите ученици се враќаат за второто полугодие, Драко си игра мајтап со Невил, и Хари го утешува Невил со Чоколадна Жаба. Картичката за собирање од Чоколадната Жаба објаснува дека Фламел е 665 годишен алхемичар кој го поседува единствениот познат еликсир на животот. Неколку дена покасно, Хари го забележува Снејп како се прикрадува кон периферијата на Забранетата Шума. Таму тој го слушнува половина од тајниот разговор за Каменот на мудроста, во кој Снејп го прашува на професорот Квирл дали нашол начин како да помине преку триглавото куче и застрашувачки му вели на Квирл да одлучи на чија страна е. Хари заклучува дека Снејп пробува да го украде Каменот и дека Квирл подготвил серија пречки за да го одбрани.

Тројцата пријатели откриваат дека Хагрид одгледува бебе змеј, што е против волшебничкиот закон, и уредуваат да го прокриумчарат надвор од земјата околу полноќ. Драко пристигнува, со надеж дека ќе ги доведе во неволја, а Невил доаѓа за да ги предупреди за ѓаволштината на Драко. Иако Рон е каснат од змејот и е во болница на оздравување, Хари и Хермиона успеваат да го испратат змејот безбедно надвор од земјата. Како и да е, нив ги фаќаат, и Хари ја губи Невидливата Наметка. Како дел од нивната казна, Хари, Хермиона, Драко и Невил се доделени да му помогнат на Хагрид да го спаси лошо повредениот еднорог во Забранетата Шума. Тие се разделуваат на две групи, и Хари и Драко го наоѓаат мртвиот еднорог, опкружен со неговата крв. Силуета со качулка се наведнува над трупот и ја пие крвта, додека Драко вреска и бега. Силуетата со качулка се движи накај Хари, кој е соборен на земјата од агонија во лузната. Кога Хари си доаѓа при свест, силуетата со качулка ја нема и кентаур со име Фиренц се понудува да го однесе качен на неговиот грб до училиштето. Кентаурот му кажува на Хари дека пиењето на крвта на еднорогот ќе го одржи животот на смртно повредена личност, но ќе ја остави истата едвај жива. Фиренц претпоставува дека Волдеморт ја пие крвта на еднорогот за да собере доволно сила и да го направи еликсирот од Каменот на мудроста, и да се здобие со целото здравје и сила со пиењето на истиот. Кога Хари ќе се врати во замокот, открива дека некој му ја оставил Невидливата Наметка под чаршафите.

Неколку недели подоцна, додека се опуштаат по завршувањето на серија испити, Хари одеднаш се прашува како нешто толку илегално како што е змејско јајце се нашло во посед на Хагрид. Чуварот на имотот вели дека му било дадено од туѓинец со качулка кој му купил неколку пијачки и го прашал како да помине преку триглавото куче, што Хагрид признава дека е лесно – музиката го заспива. Откривајќи дека една од пречките до Каменот на мудроста не е повеќе безбедна, Хари оди да го информира професорот Дамблдор, само за да дознае дека директорот штотуку заминал на важен состанок. Хари заклучува дека Снејп ја излажирал пораката и го тргнал Дамблдор на страна и дека ќе се обиде да го украде Каменот таа вечер.

Волдеморт на тилот на професорот Квирл е врвот во книгата „Хари Потер и Каменот на мудроста“. Покриени со Невидливата Наметка, Хари и неговите двајца пријатели одат во одајата на триглавото куче, каде Хари го заспива ѕверот со свирење на флејта. По паѓањето во врата во подот, тие поминуваат серија од пречки, од која секоја од нив бара специјални способности кои ги има некој од нив тројца, и една во којашто Рон мора да се жртвува самиот себе. Во последната соба Хари, сега сам, го наоѓа Квирл, кој му ги врзува рацете и нозете цврсто со магични јажиња. Квирл признава дека тој го пуштил тролот што се обиде да ја убие Хермиона во тоалетот, и дека тој се обидел да го убие Хари за време на првиот квидич меч, но бил соборен од страна на Хермиона. Снејп се обидувал да го заштити Хари затоа што се сомневал во Квирл. Квирл му служи на Волдеморт и, по неуспехот да го украде Каменот на мудроста од Гринготс, му дозволил на својот господар за го опседне со цел да ги подобрат нивните шанси за успех. Како и да е, единствениот друг предмет во собата е Огледалото на Ерисед, и Квирл не може да види ни знак од Каменот. На заповед од Волдеморт, Квирл го одврзува Хари и го присилува да застане пред Огледалото. Хари чувствува како каменот паѓа во неговиот џеб и пробува да одолговлекува. Квирл го тргнува својот турбан, откривајќи го лицето на Волдеморт на неговиот тилот. Волдеморт се обидува да го земе Каменот од Хари, но само допирајќи го Хари предизвикува месото на Квирл да гори. По понатамошната борба, Хари се онесвестува.

Тој се буди во училишната болница, каде што професорот Дамблдор му вели дека преживеал затоа што неговата мајка го жртвувала нејзиниот живот за да го заштити, и дека Волдеморт не можел да ја разбере моќта на таквата љубов. Волдеморт го оставил Квирл да умре, и е веројатно да се врати на некои други начини. Дамблдор предвидува дека Огледалото им покажувало на Волдеморт и Квирл како тие го прават еликсирот, но тие сакале да го употребат Каменот на мудроста; Хари беше во можност да го види Каменот во Огледалото затоа што тој сакал да го најде, а не да го употреби. Каменот тогаш е уништен.

Хари се враќа кај Дарслиеви за летниот распуст, но не им кажува дека на малолетните волшебници им е забрането да користат магии надвор од Хогвортс.

Ликови

Поглавја

  1. Момчето што Преживеа
  2. Стаклото што Исчезна
  3. Писмата од Никого
  4. Чуварот на Клучевите
  5. Дијагон Алеја
  6. Патувањето од Перонот Девет и Три Четвртини
  7. Сортирачката Капа
  8. Професорот по Напивки
  9. Полноќен Двобој
  10. Ноќта на Вештерките
  11. Квидич
  12. Огледалото на Ерисед
  13. Николас Фламел
  14. Норберт - Норвешкиот Гребеногрбец
  15. Забранетата Шума
  16. Низ Вратата во Подот
  17. Човекот со Две Лица

Издавање

Во 1990, писателката Џ. К. Роулинг заедно со своето момче сакала да се пресели во стан во Манчестер: „Откако поминав една цела недела барајќи стан, решив сама да се вратам во Лондон и се качив на воз, кога одеднаш идејата за Хари Потер се појави во мојата глава... Слабото, мало, црнокосо, момче стануваше повеќе од волшебник за мене... Започнав да ја пишувам „Каменот на мудроста“ истата таа вечер. Иако, првите неколку страни сега воопшто не се слични со готовата книга.“[1]

Потоа мајката на Роулинг умрела и за да ја совлада болката, Роулинг ја пренела целата своја болка на сирачето Хари.[1] Откако го родила своето прво дете Џесика, таа испратила наоколу неколку од нејзините првобитни нацрти односно планови, нашла агент на својот втор обид и во 1996 книгата била прифатена од страна на Bloomsbury, кои ја издале подоцна во 1997. Во мај 2008, Scholastic го најави издавањето на посебно издание по повод 10 годишнината на книгата. Ова издание ќе се издаде во септември 2008 за да се означи оригиналното американско издавање.[2]

Преводи

Филм

Видео игра

Наводи

  1. 1,0 1,1 Interview with JK Rowling, Author of Harry Potter Архивирано на 31 јануари 2009 г., www.hilary.com
  2. „Scholastic Reveals Sorcerer's Stone Anniversary Edition“. MuggleNet.com. 20 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2008-05-31. Посетено на 2009-01-12.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!