Хари Потер и Затвореникот од Азкабан (англиски: Harry Potter and the Prisoner of Azkaban) е третиот дел од Хари Потер серијалот книги напишан од Џ. К. Роулинг. Книгата беше издадена на 8 јули 1999. Книгата се здоби и со 1999 Коста Бук награди и со Брам Стокер награда, а е о предложена и за други награди што ја става книгата меѓу најславните фантастични дела во модерното време.[1] Филм заснован на книгата беше премиерно прикажан на 31 мај 2004, во ОК и 4 јуни 2004 во САД.
Содржина
Вознемирувачки вести
Хари поминува уште едно здодевно лето кај своите роднини Дарслиеви. На големо незадоволство на Хари сестрата на неговиот тетин, Марџ доаѓа на посета. Нејзината арогантност, вообразеност и мислења за родителите на Хари предизвикуваат да тој не сакајќи ја надуе со што таа излетува од куќата. Мислејќи дека ќе биде исфрлен од Хогвортс училиштето за магии и волшебништво решава да замине од кај Дарслиеви и почнува да талка по улиците. Талкајќи забележува црно мисериозно куче кое почнува да ‘ржи, не знаејќи ги вистинските намери на кучето пред него се појавува голем висок автобус. Дознава дека автобусот е таен автобус за волшебници и волшебнички наречен Витешки автобус. Во витешкиот автобус никој не знаејќи дека тој е Хари, му кажуваат за најновата вест во волшебниот свет, ладнокрвен убиец и поранешен следбеник на Лорд Волдеморт избегал од волшебничкиот затвор Азкабан. По непријатните вести оставен е пред „Дупнатиот котел“ каде е пречекан од министерот за магии, Корнелиус Фаџ од кој дознава дека остатокот од летниот одмор ќе помине таму поради сè уште необјаснети причини. Хари поминува забавен распуст и набргу се соединува со Рон и Хермиона. Хермиона решава да си купи мачка која почнува да го излудува Рон и неговиот стаорец Скаберс. Неколку дена пред да започне учебната година Хари наслушува од родителите на Рон дека Сириус Блек всушност избегал од Азкабан за да се одмазди на Хари.
На патот кон Хогвортс во Хогвортс Експрес, Хари, Рон и Хермиона влегуваат во купе во возот во кое има заспан човек покриен со мантил. Дискутирајќи ги неодамнешните настани придружени се од Невил Лонгботом и Џини Визли. Одненадеш возот застанува а во купето на Хари влегува морничаво црно суштество со качулка, а Хари веднаш се онесвестува гледајќи бела светлина и слушајќи пискав женски глас. Кога се разбудува останатите му објаснуваат дека човекот со плаштот е всушност професор во Хогвортс и кога суштеството влегло во купето се насочило кон Хари а човекот отскокнал и промрморел некои зборови и излегла бела светлина. Учебната година набргу започнува, Хари, Рон и Хермиона сега се во третата година која носи повеќе предизвици и повеќе предмети за изучување. Во меѓувреме Хари дознава дека мистериозното суштество во возот се вика Дементор и служи како чувар на волшебничкиот затвор, а оваа година неколку Дементори се поставени околу Хогвортс како чувари на училиштето поради можни напади од Сириус Блек. Дознава и дека суштеставата ја впиваат среќата од човекот и го оставаат да умира во страдање.
Чуварот на имотот, Рубеус Хагрид станува новиот професор по грижа за волшебните суштества, но уште на првиот час со годината на Хари, прекрасниот хипогриф Бакбик поради арогантноста на Мелфој го повредува и Мелфој е пратен во болница, а Хагрид е ставен под лупа на министерството. Човекот од возот, Ремус Лупин, се покажува како новиот професор по одбрана од мрачните вештини и брзо почнува да фаворизира Хари.
Наводи
Надворешни врски