Фудбалска лига на Англија Чемпионшип или само Чемпионшип е англиска фудбалска лига, која го претставува второто ниво во лигашкиот систем на земјата и на крајот од секоја сезона дава три клуба кои стекнуваат право да играат во највисокото фудбалско ниво - Премиер лигата. Чемпионшип исто така, е највисокото ниво на Фудбалската лига на Англија.
Оваа лига се состои од 24 клубови кои играат меѓу себе двокружно. Првите две екипи на табелата на крајот од сезоната влегуваат директно во Премиер лигата, а останатите 4 од 3-то до 6-то место играат плејоф, во кој победникот во финалето, исто така, изборува промоција. Последните три екипи во лигата, пак, испаѓаат во Лига Еден.