Пелицоти е познат како специјалист за искачување и ги освоил етапите 10 на Џиро д’Италија 2006, 16 на Џиро д’Италија 2008 и 17 на Џиро д’Италија 2009. Откако завршил трет во генералниот пласман на Џиро 2009, го освоил и планинскиот пласман во Париз како најдобар искачувач на Тур де Франс 2009 и бил именуван за најборбен возачи на етапите 9 и 17. На почетокот на секоја трка, Пелицоти прави знак на крст и го бакнува распетието кое го носи на својот врат.
На 3 мај 2010, името на Пелицоти било објавено во весникот La Gazzetta dello Sport како еден од неколкумината возачи кои се под истрага од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) поради „неправилни вредности во крвта“. Пелицоти бил пријавен поради „сомнителни вредности“ на Тур де Франс 2009 и било побарано од UCI да спроведе истрага.[2] Подоцна ова било потврдено во извештајот за печатот од UCI.[3] Тој бил еден од предводниците на екипата Ликвигас-Доимо на Џиро д’Италија 2010, но веднаш бил повлечен од екипата и заменет со Винченцо Нибали. Неговата екипа изјавила дека имаат верба во објаснувањето на Пелицоти и бараат понатамошна истрага.[4] Кратко по крајот на сезоната, суспензијата му била укината поради недостиг на докази и Пелицоти објавил дека ќе бара финансиски надоместок од UCI.[5] Ликвигас-Доимо објавиле дека ќе потпишат со Пелицоти по сезоната 2010. Случајот на Пелицоти стигнал со Арбитражниот суд за спорт во март 2011. Откако судот донел брза пресуда, тој бил суспендиран на две години по прифаќањето на жалбата на UCI. Неговата забрана траела до мај 2012. Судот исто така ги поништил сите резултати од 17 мај 2009, што значело дека Пелицоти загубил етапна победа и третото место во генералниот пласман на Џиро д’Италија и етапна победа, освојување на планинскиот пласман и најборбен возач на Тур де Франс.[6]
По завршувањето на неговата забрана, Пелицоти потпишал со екипата Андрони Џокатоли-Венецуела.[7][8]
Во август 2013 година било објавено дека по две години со Андрони Џокатоли-Венецуела, Пелицоти ѝ се приклучил на Астана за сезоната 2014.[9] Меѓутоа, Пелицоти можел да се натпреварува само од мај 2014 година поради тоа што Астана била член на движењето за заштита на велосипедизмот[10] и дека Пелицоти претходно имал двегодишна забрана за прекршување на биолошкиот пасош.[11] Понатамошни разговори помеѓу Пелицоти и Астана предизвикале неговиот договор со екипата да биде раскинат[12] и Пелицоти можел да се врати во Андрони Џокатоли-Венецуела во 2014 година.[13]