Историја
Факултетот за биотехнички науки (ФБН) е јавна државнависокообразовна и научна установа од областа на биотехничките науки. Овој факултет е единствениот од ваков вид на високообразовни установи во Р Македонија со свои карактеристични студиски програми. Од 1999/2000 г.Вишата земјоделска школа,согласно решението за работа од страна на Министерството за образование (бр.12-2920/2-1999) прерасна во Факултет за биотехнички науки.Во текот на десетгодишното постоење, овој Факултет има оспособено прилично голем број на образован кадар, инженери (bachelor) и магистри (master) кои со своето знаење и стручност се вклученивопрехранбениот сектор.
Формално,Факултетот за биотехнички науки во Битола, е повисока развојна фаза на Вишата земјоделска школа која своите почетоци ги има од 1960 година.Отворањето на високообразовна Научна установа од ваков карактер значеше и пополнување на повеќедецениската празнина во високообразовниот систем за биотехнички науки и образовање на кадри од областа на прехранбената индустрија.
Организацијата на високообразовната дејност на Факултетот се остварува прекуорганизирање разни видови и степени на високото образование:додипломски, постдипломски студии и стекнување научен степен доктор на науки како и прекуфундаментални, развојни и применети истражувања, изведување на комплексни научно-истражувачки проекти од поширок интерес за општествените дејности; курсеви, семинари, со кое се прошируваат и стекнуваат нови знаења и се усовршува кадарот.
Организација
Кадар
Декан
Професори
Доценти
Н.С
Асистенти
Студиски програми
Прв Циклус Архивирано на 11 август 2016 г.
- Квалитет и безбедност на храна
- Преработка на анимални производи
- Агроменаџмент
- Фармерско производство
- Менаџмент во биотехниката
Втор циклус Архивирано на 11 август 2016 г.
- Квалитет и безбедност на храна од животниско потекло
- Преработка на анимални производи
- Менаџмент во биотехниката
- Фармерство и агробизнис
- Фармерство и агробизнис
- Фармерско производство
- Фармерско производство - специјалистички студии
Трет циклус Архивирано на 11 август 2016 г.
- Технологија и безбедност на прехранбени производи