Мустафа Кемал Ататурк ЗОПАР
Во Отоманската империја се одржале парламентарни избори во 1920 година со цел да се изберат делегати на новото Големо национално собрание.[1] На изборите доминирала Здружение за одбрана на правата на Анадолија и Румелија (турски: Anadolu ve Rumeli Müdafaa-i Hukuk Cemiyeti), која се состоела од националистички локални групи кои протестирале против сојузничката окупација на Турција.
Откако Истанбул бил окупиран, водачот на Турското национално движење Мустафа Кемал испратил телеграми до покраинските власти и армиските команданти на 19 март наредувајќи им да одржат избори за Големо национално собрание.[1]
По изборите, новото Големо национално собрание се состанало во Анкара на 23 април 1920 година, со Мустафа Кемал Ататурк како претседател.[2]